Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комплексот Маркови кули претендира за Постојаната листа на УНЕСКО

0
By Нова ТВ on September 20, 2018 КУЛТУРА
ФОТО: Journey Macedonia
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 20, 2018 15:29

Марковите кули над Прилеп претендираат од Привремената да бидат ставени на Постојаната листа на светско наследство УНЕСКО, со што оваа природна реткост би била втора во Македонија на таа листа на организацијата на ОН, по охридскиот регион.

Комплексот заслужува зашто е светски раритет, констатираат 30-ина учесници на првата меѓународна научна конференција што денеска и утре се одржува во Прилеп во организација на Институот за старословенска култура.

Според д-р Елеонора Петрова, директор на Управата за заштита на културннното наследство, безрезервно комплексот „Маркови кули“ како биогеографска целина заслужува да биде на постојаната листа на УНЕСКО и Управата ќе помогне во тоа.

– Биогеографската целина „Маркови кули“ се наоѓа на тентативната листа на културното наследство на УНЕСКО. Меѓутоа, поголем број локалитети во околните земји веќе успеале да ги спојат природното и културното наследство во една целина и да го презентираат како една синергија во природното и културното наследство. На пример, како што се планината Рила со Рилскиот манастир, планината Горја со Студеница кои се целини и влегуваат во природното и културното наследство на листите на УНЕСКО, рече Петрова.

Според неа, за  „Маркови кули“ треба да се спои синергијата во природното и културното наследство и тоа, рече таа, е првиот чекор во таа насока.

– Изнесувајќи го културното богатство во овој регион, кој траел од праисторијата па се до денес, заедно со биогеографската целина, ќе се направи првиот чекор кој ќе може да помогне во добивањето документ со кој ќе може да се излезе пред УНЕСКО и да се побараат овие, за нас, важни содржини. Важно е да се нагласи дека ЕУ во последните години многу посветува внимание на природното и културното наследство како синергија, како една целина. Советот на Европа има донесено декларација во 2014 година, ОН во 2015, а ЕУ во 2017 година токму во оваа насока – да се обезбеди синергија помеѓу природното и културното наследство и да се третираат како целина во природна и во културна смисла, истакна Петрова.

Journey Macedonia

Проф. Драган Колчаковски, геоморфолог од Природноматематичкиот факултет од Скопје нагласува дека „Маркови кули“ е впечатлив светски раритет и затоа во јуни 2004 беше ставен на привремената листа на УНЕСКО како светско природно наследство.

– Оттогаш не сме направиле ништо Марковите кули да биде и на официјалната листа на светско природно наследство. Раритетни се, пред се, релјефните форми, геолошкиот состав, иако има и културни знаменитости низ цивилизациите со манастири, тврдина, кули. Специфично е што на мал простор се голем број релјефни форми, т.н. денудацијски релјеф, кои во светот се малку. Меѓу локалитетите со таков релјеф е Кападокија во Турција која годишно ја посетуваат четири  милиони туристи. Марковите кули засега, веројатно, годишно ги посетуваат од 2 000 до 3 000 луѓе. Кога би биле на официјалната листа како светско природно наследство, би имале гости од странство како што има Охридското Езеро, нагласи Колчаковски.

Директорот на Институтот за старословенска култура-Прилеп, организатор на оваа прва меѓународна конференција за Маркови кули, рече дека излагањата ќе бидат публикувани во меѓународното  научно списание што, рече, ќе биде основа за подготовка на досие за номинација на Марковите кули на Постојаната листа на УНЕСКО.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски рече дека веќе преземаат чекори за туристичка популаризација на комплексот со проект на УНДП вреден 100 000 долари за пристапни патеки, осветлување и поставување урбана опрема.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.