НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Деца чекаат на хормон за раст – право на терапија имаат само 100 деца

0
By Менче Атанасова Точи on September 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Само 100 деца имаат достапност до хормонска терапија и оваа одлука на надлежните не е променета во последните 15 години. Неофицијално, терапија чекаат најмалку 60 деца. Лекарите чекаат некое дете да биде исклучено од терапија за да може да ја прима друго. Ова е  дискиминација кон децата на кои им се одзема правото на лекување, велат во Здружението „Раст“.

“Поради ненавремено дијагностицирање  и  времето поминато на листата за чекање, некои деца не го примаат хормонот за раст, и покрај правото на лекување ,тие се дискриминираат. Овие деца ако не се лекуваат имаат зголемена појава на срцеви заболувања, депресии, зголемена тежина, мозочни удари.“,  изјави Александар Петровски, претседател на Здружението Раст.

Директорот на ФЗОМ, Ден Дончев нема конкретни мерки, но ги потсети клиниките да одвојат дел од својот буџет за терапија.

„Вистинското место за лобирање не е само фондот, туку и соодветните клиники. Да се најде начин да се одвои поголем дел од сретствата за потребите на децата во сегментот на наменски набавки на одредени лекови и хормони, “ изјави Ден Дончев.

На Клиниката за детски болести велат дека ги имаат сите типови на хормон за раст.

„ Има потешкотии кои се обидуваме заеднички да ги решиме. Индикациите се поставени на одделот и во државата ги имаме сите можни типови на хормони за раст, прифатени насекаде.“ изјави д-р Елена Шукарова Ангеловска.

Но, терапијата не е достапна за сите деца кои имаат потреба од неа. Доктор Аспазија Софијанова нагласи дека борбата трае со години и е задничка со здружението.

„Се што можеме да направиме е да ги препознаеме децата кои имаат проблем“, изјави доктор Аспазија Софијанова од Клиниката за детски болести.

Превенцијата и раното откривање се многу важни. Училиштето Владо Тасевски ќе биде првото каде што ќе се работи на подигнување на свеста кај децата, а превентивни тимови ќе ги прегледуваат првачињата.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.