НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Легендарата Клаудија Кардинале и оскаровецот Роџер Дикинс пристигнаа во Македонија

0
By Нова ТВ on September 21, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Големата италијанска и светска актерка Клаудија Кардинале, како и оскаровецот  Роџер Дикинс денеска во попладневните часови пристигнаа во Македонија.

Клаудија Кардинале пристигна со својата ќерка, која се вика исто како неа, Клаудија и иако помалку уморна, таа на аеродромот во Скопје беше заинтересирана да ја запознае земјата која и оддава почест со наградата Специјална Златна камера 300 за особен придонес во светската кинематографија.

– Таа како вистинска филмска дива не покажа дека е заморена од патот, дозволи неколку фотографии веднаш по пристигнувањето. По краток одмор во Скопје, таа продолжува кон Битола каде утревечер, на свеченото отворање на 39. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе и биде врачена наградата. Веднаш по пристигнувањето таа рече дека и се допаѓа што е кај нас топло и сончево, и дека првите впечатоци и се позитивни, се вели во соопштението од фестивалот Манаки.

Британскиот кинематографер Роџер Дикинс, лауреат на Златна камера 300 за животно дело на годинешното 39. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, дојде во Македонија, заедно со својата сопруга Изабела.

Тој веќе пристигна во Битола, каде го пречека директорката на Фестивалот, Гена Теодосиевска, заедно со фестивалскиот тим. Дикинс со сопругата се согласија да се сликаат со младите волонтери на фестивалот.

Роџер Дикинс е еден од најголемите живи светски кинематографери и нему утревечер ќе му биде врачена наградата, а во понеделник, 24 септември, тој ќе одржи мастер класа во рамки на програмата на ИФФК „Браќа Манаки“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.