Published: Sunday, September 23, 2018 13:08
Ирската Влада соопшти дека на 26 октомври ќе се одржи референдум за укинување на законот со кој се казнува богохулењето.
Ирска на референдум ќе одлучува за укинување на забраната за богохулење
Министерот за здравство Сајмон Харис минатата година рече дека законот е „апсурден”.
Референдумот ќе се одржи истиот ден како и претседателските избори.
Во мај, ирскиот народ гласаше за укинување на забраната за абортус. Ирска, земја со силна католичка традиција, пред три години ги легализираше хомосексуалните бракови.




