НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Ќе има четири амандмани-во Прембулата ништо нема да се брише

2
By Соња Петрушевска on September 24, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на прес конференција ги објасни клучните одредби од Договорот со Грција, за кои како што рече, се уште има многу дезинформации.

Димитров кажа дека уставните амандмани не се напишани, ниту  се преговарани и ќе ги формулира Собранието низ јавна дебата и дебата во собраниските комисии.

Во Преамбулата на Уставот „ништо нема да се чепка во државно-правниот наратив кој почнува од Илинденското востание, преку АСНОМ до рефрендумот за независност во 1991, туку ќе ги наведе поединечни одлуките на АСНОМ. Формулации не постојат, ниту се преговарани, кажа Димитров.

Тој ги објасни  поентите и на останатите три амандмани: Еден се однесува за додавањето на географската одредница „Северна“ кон името Македонија. Со вториот се дава уште поцврста гаранција за границите и дека нема територијални претензии ниту Македонија кон Грција, ниту Грција кон Македонија, а третиот се однесува за грижата на нашите иселеници во соседните земји, која  ќе се прошири  за правата на целата дијаспора во целиот свет, кажа Димитров.

Тој одговори и на дилемите – кои се гаранциите дека Грција повторно нема да блокира.

„Влегувањето во сила на Спогодбата со Грција е поврзано со ратификацијата на протоколот, односно Спогодбата ке влезе во сила кога Грција ке го ратификува Договорот и пристапните протоколи за нашето членство во НАТО“.

Димитров зборуваше и за другите делови  од Договорот. Тој објасни дека членот 1 се однесува на географската одредница – дека се додава Северна кон името Македонија. На англиски преводот ќе биде Republic of North Macedonia.

Околу терминот „државјанство“, што е дефиниција за правната врска меѓу граѓанинот и државата ќе биде  македонско/граѓанин на Република Северна Македонија. Јазикот ќе биде македонски јазик. Меѓународните кодови остануваат МКД и МК, со исклучок на регистерските таблички. Во членот 7 е етничката припадност и со овој член „двете држави прифаќаат дека термините македонски се однесуваат на различен историски контекст – терминот македонски што ние ќе го користиме се однесува на нашата територија, јазик, нашиот народ со сите атрибути, историја, културно наследство – ова се идентитетските прашања“, објасни Димитров.

Димитров:Ако има еден глас против повеќе, ние ќе се повлечеме

Ако има еден глас против повеќе, ние ќе се поклониме и ќе кажеме оваа работа не поминува кажа денеска Димитров.

„Не може да седите дома, а да влијаете на одлуката. Ако има еден глас повеќе „не“, против членството во ЕУ и НАТО ние ќе се поклониме и ќе кажеме оваа работа не поминува. Меѓутоа само тие што гласаат може да влијаат врз таа одлука. Ако големо мнозинство од граѓаните кажат „да“ дури и да нема цензус тоа ќе биде земено предвид, меѓутоа ситуацијата ќе се врати во Собранието на РМ. Затоа да не се учествува со свој глас во ваква крупна одлука е бегство од одговорност“, рече Димитров.

Референдумот не е правен услов за Договорот и е политичка заложба на двете партии. Во програмата со која ВМРО ДПМНЕ настапи на последните избори нема цензус – туку пишува дека ако има Договор, ќе има референдум и ако мнозинството каже „да“ Договорот ќе се потврди.

„Од 2005 повикуваа на референдум, еве стигнавме до тој ден, а видете сега како се однесуваат. Имаме договор со кој го заштитуваме најважното. Време е да се обединеме- сите лидери кажаа  дека ова е можеби последната шанса за вашата генерација. Време е да го направиме тој исчекор да не се занимаваме повеќе со идентитетските прашања“, рече Димитров.

Одлуката на Иванов е срамно бегство од одговорност

Димитров го коментираше и ставот на шефот на државата да го бојкотира референдумот и да не излезе на гласање.

„Да се каже дека не се гласа е срамно бегство од одговорноста и тоа не се кажува во Македонија, туку преку океанот. Често се повикува дека е тука за да го брани Уставот, меѓутоа Уставот не може да се брани со кршење. Ние не сме претседателски систем, ние сме парламентарна демократија. Претседателот нема резулутивно вето. Законот за договорот со Грција кога беше изгласан по вторпат во Парламентот според Уставот претседателот е должен да го потпише.  Најдемократско средство во секоја демократија е референдумот. Да се каже за ова прашање заради кое изгубивме многу генерации, 27 години нерешен спор, да се каже после најава во кампања дека ќе има референдум кога и да има заемно прифатливо решение со Грција на маса дека ќе ги прашаме граѓаните, да се каже дека не се гласа, е рамно на бегство од одговорност. И тоа не се кажува овде туку преку океанот“, рече Димитров. изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната прес-конференција во Владата, коментирајќи ја изјавата на Иванов дадена во Детроит.

Тој потсети,  и на аболицијата што Иванов ја даде за серизони индиции за криминал и злоупотреба во 2015 година,  и на ситуацијата по изборите во 2016 година со одолговлекувањето на доделувањето на мандатот на партијата, по што следуваше  27 април во Собранието, најцрниот ден за нашата демократија од 1991 година. Сите сакаме да влеземе во ЕУ и НАТО без да го решиме името, но не може да се каже јас сум за ЕУ и НАТО, а без да се каже како.

– Претседателот на држават е прва најодговорна позиција во нашата држава по протокол и по Устав. Должност е да се покаже патот. Одговорноста од немање визија е огромна. Ако утре во Атина има влада што ќе има проблем со македонскиот јазик со јасните одредници – идентитетски дека сме македонски народ што зборува македонски јазик, кој ќе ја преземе таа одговорност за оваа сега пропуштена шанса, праша Димитров.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.