Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петар за неделен ручек

0
By Нова ТВ on September 29, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 29, 2013 11:45


Инспириран од ноќниот живот и брзата храна на Турција @BorjanJovanovsk реши да не угости мене и @mufix со еден ориентален рецепт. На прв поглед кога гледав како се припрема овој рецепт си реков… Uhm well, just another Гиро. Верувајте мислам дека немам пробано ништо вакво слично во мојот живот. Тантуните се сметаат за “храна за сиромаси” исто како и лахмаџунот. Тие иначе потекнуваат од градот Мерсин на јужната обала на Турција и многу брзо се прошируваат низ државата. Автентично се спремаат во големи метални тави кој што имаат мало задлабување во средината каде месото се попрскува со вода и лимон. Целиот тој процес се прави со метална лажица. Легендата вели дека името Тантуни потекнува од удирањето на лажицата по металното тавче и тоа звучело нешто како: Tan tun, tan tun!

– 600 грама јунешко чисто месо
– 2 домати
– 1 голема главичка кромид
– 1 китка магдонос
– 1 зелена салута
– 4-5 тортиљи
– 3-4 лимони
– 2 супени лажици ориентални зачини
– 1 лажичка сумак

Прво малце околу состојките. За екстра поубав шмек на видеото користевме мешавина од јагнешко и јунешко месо. Сумак е зачин кој често се употребува во брзата храна во Турција. Моментално мислам дека го има само Рамстор од производителот Багдат. Кај тантуните тоа што е поразлично е што месото се пржи и пече со ориентални зачини секоја бутка што продава тантуни има своја мешавина зачини. Најчесто е нешто како Рас Ел Ханут, мелена мешавина од најразлични зачини како: кумин, куркума, ѓумбир, кардамон, сушен лук, буковец од чили, кориандер, црвен пипер и слично. Може да си прилагодите сами своја мешавина од повеќе зачини или да купите готова мешавина. Една мешавина што би ја препорачал е Тако Микс кој што може да се купи во Рамстор кај гондолата со зачини. Но сепак би препорачал да направите ваша мешавина така што на рецептот ке му даде ваш персонализиран шмек.

Месото исечете го на средно големи коцки отприлика колку еден финџал а кафе но не поголеми бидејки нема да се сварат целостно. Зовријте еден голем лонец со вода и додадете една лажица од вашиот ориентален зачин по желба. Додадете го месото во лонецот и оставете го да се вари 1 час.

Додека месото се вари исецкајте го доматот на ситни коцки, кромидот на тенки месечинки и насецкајте ја марулата. Додадете една лажица сумак и промешајте.

Кога месото ќе се свари извадете го и насецкајте го ситно. Во една чаша исцедете еден лимон и додадете од водата во која се вареше месото. Од ова ќе направите мешавина со која што ќе го попрскувате месото додека се пржи.

Во тавче загрејте путер и додадете масло пропржете го месото а при крајот додадете малку ориентален зачин и 3-4 лажици од водата со лимон. Ќе приметите дека на дното од тавчето ќе се направи сос. Една по една тортиљите ставете ги над месото и протријте ги убаво за да упијат од водата и да омекнат а притоа да примат од мирисот на месото. Наредете по малку од месото на секоја тортиља а над месото наредете дарежливо од салатата, процедете неколку капки лимон и замоткајте ги тортиљите. Послужете со ајран или павлака.

http://receptitenapetar.blogspot.com/

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.