НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Двајцата мигранти 3 месеци непогребани-никој не презема одговорност

1
By Менче Атанасова Точи on September 25, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Посмртниците на двајцата мигранти од Бангладеш и Шри Ланка кои загинаа во сообраќајна несреќа во близина на Штип се изгубени во институциите на системот. Нивните тела цели 3 месеци се во капелата во Бутел

Ниту една институција не сака да ја преземе одговорноста за да се погребат телата на двајцата мигранти кои цели три месеци стојат во капелата во Бутел. Институциите си ја префрлаат топката едни на други и кругот се врти, а телата нема долго да издржат, ќе се распаднат, велат во невладината организација Легис.

„ Во АД Бутел не ни ги даваат телата за да ги погребаме. Од таму бараат документ од Основно јавно обвинителство за да ни дадат дозвола за погреб. Но, од ОЈО велат дека таков докумнт досега не издале и топката ја префрлаат на МВР.  Од МВР велат дека не се надлежни да издадат таков документ и дека тие својата работа си ја завршиле“, изјави Мерсиха Смаиловиќ од Легис.

Мерсиха Смаиловиќ-Легис

Таа тврди дека се јавувале и во Град Скопје бидејќи тие, а не МТСП биле надлежни за мигрантите, но од таму немаат никаков одговор. И во АД Бутел ја прекинале комуникацијата со нив и повеќе не им одговараат на телефонските повици бидејќи од Легис побарале да им ги дадат телата за да ги погребат во некое село зашто трошоците во Бутел се големи.

Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина

Од друга страна во Институтот за судска медицина велат дека од МВР треба да им донесат службена белешка за тие да можат да издадат посмртница во АД Бутел.

„ Официјално, овие лица се уште не се умрени бидејќи ние немаме добиено службена белешка од МВР за да можеме да издадеме посмртница. Тоа треба да го направи одделението за потраги и странци во МВР“, изјави за НОВА директорот Александар Станков.

Тој нагласи дека мора да се знае и точната локација каде што ќе бидат погребани и за тоа да постои официјален документ бидејќи роднините имаат право да ги побараат телата и да си ги  однесат во нивните држави.

Двајцата мигранти загинаа 25 јуни годинава во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Радовиш-Штип, кога товарното возило со кое се превезувале мигрантите  удрило во ограда од мост при што уште 17 мигранти беа повредени, а возачот избега од местото на несреќата. Овие млади луѓе транзитираа низ Македонија на пат кон европските земји.

Полицијата го знае идентитетот на еден од нив кој е од Бангладеш, а идентитетот на вториот кој е од Шри Ланка, не е официјално потврден.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.