Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Првите пратеници на независна Македонија повикаа да се гласа „За“

0
By Соња Петрушевска on September 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 27, 2018 15:12

Пратеници од првиот парламентарен состав на независна Македонија денеска ги повикаа граѓаните да излезат да гласаат „За„ на референдумот во недела.

„Ние ги удривме темелите на нашата независност и сега Ве повикуваме да направиме уште еден вистински чекор во вистинско време“ кажа Алил Џаферовски во име на 30 пратениците од првиот парламентарен состав кои ја изгласаа Декларацијата за независност, Декларацијата за членство во НАТО и ЕУ, ја донеса одлуката за рефрендумот во 91 и го донесоа Уставот на Македонија.

Може да не ги сакате Заев, Мицкоски или Ахмети, но Македонија мора да се сака и затоа треба да се излезе на референдумот и да се гласа „За“.

„Во 1993 приемот на Македонија во Обединетите нации беше условен со прифаќање на спогодбата со Р. Грција и мислиме дека не погрешивме. Тогаш исто можевме да кажеме дека сакаме во ОН, но без референцата ФИРОМ, меѓутоа каде ќе бевме сега. Денеска нашето членство во НАТО и ЕУ повторно е условено со прифаќање на уште една спогодба со Грција. Мислиме дека ако го направиме истото, нема да погрешиме. Ние веруваме дека вистинска одлука на 30 септември е да се излезе на рефрендумот и да се гласа „За“ пишува во изјавата на која се потпишани 30 пратеници од првиот парламентарен состав.

Првиот претседател на Собранието Стојан Андов рече дека за евроатлантската интеграција има единство меѓу Македонците и Албанците.

„Многу тешко се градеше единството и меѓу Македонците и со Албанците и со помалите етнички заедници и тоа скапо го плативме, имаше и жртви. Денес во Македонија има формално единство меѓу Македонците и Албанците и другите етнички заедници околу евроатланската интеграција и зачленувањето во ЕУ и НАТО. Сите други филозифии се само обиди да се разбие тоа единство“ кажа Андов.

Михаил Пановски кој беше пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ повика да се излезе на гласање затоа што „подобар Договор никогаш нема да се постигне“.

„Мојата мајка во војната во Егејска Македонија ги загуби и братот и сестрата. Нема да дојде таму друг премиер како Ципрас кој е воспитуван во демократски дух. Затоа ви тврдам дека подобар договор од овој никогаш нема да добиеме“ кажа Пановски.

Мухамед Халили пратеник од ПДП зборуваше за причините зошто Албанците го бојкотираа рефереднумот за независност.

„Не излеговме на гласање затоа што структури во ВМРО ДПМНЕ беа против рамноправност на народите и затоа не го гласавме Уставот. Но тоа го корегиравме во 2001година. Сега е време и покрај сите разлики да излеземе на референдум“ кажа Халими.

Ѓулистана Марковска пратеник од редовите на ВМРО ДПНМЕ побара од партиските лидерства да бидат визионери .

„Како некогашни визионери и сега визионерството го гледаме во тоа што Република Македонија ќе стане членка на НАТО и на ЕУ. Единствен начин е преку Договорот“ кажа Марковска.

 

 

 

пратеници од прв парламентарен состав референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.