НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворена изложбата „Конекции во колекциите – италијанско-македонски паралели“

0
By Нова ТВ on September 27, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Музејот на современа уметност денеска беше отворена изложбата насловена „Конекции во колекциите – италијанско-македонски паралели“.

Премиерот Зоран Заев истакна дека изложбата претставува уште еден настан кој изградил нов мост на соработка меѓу двете исклучително пријателски земји, Република Македонија и Република Италија.

– Италија е една од неколкуте земји во светот што на човештвото му подарија многу од најзначајните културни артефакти и вредности низ историјата на нашата цивилизација. Нема ниту една генерација која не била инспирирана од бесценетата исклучително богата културна ризница на Италија, нагласи Заев.

Посочи дека она што е специфично за оваа изложба е солидарноста, што произлегува од една од темелните вредности на Европската Унија, а тоа е солидарноста.

– Солидарноста толку дарежливо искажана од дури двесте италијански автори кои во најтешките моменти од современата историја на Скопје, за време на катастрофалниот земјотрес во 1963 година, на нашиот главен град му подарија 340 дела, наведе Зеев.

Тој потенцираше дека уметниците знаат за солидарност и знаат дека еднаш поставени вредности остануваат трајна врска меѓу народите.

– Овие настани се само дел од богатата традиција меѓу македонските и италијанските уметници и културни дејци. Оваа соработка ги унапредува и останатите врски меѓу двете земји. Република Македонија и Република Италија редовно потпишуваат програма за соработка во областа на културата, образованието и науката. Ние сме взаемно среќни што на секое поле расте на нашата соработка, заклучи премиерот.

Кураторот на изложбата Бојана Јанева Шемова наведе дека изложбата се обидува да прикаже можни ликовни врски меѓу делата од италијански и македонски автори застапени во колекцијата во МСУ.

Оваа трансисториски конципирана изложба, заснована врз индивидуален кураторски избор, прави и извесни исчекори од модернизмот, следејќи ги подоцнежните дела од италијанската колекција според определени ликовни аналогии и контекстуализации. Во нив делата на места резонираат себеобјаснувачки и врската меѓу нив е брза и отворена, но за некои од нив е потребно попроникливо читање на тематската или стилската поврзаност.

Изложбата е дел од програмата на Музејот на современата уметност за 2018 година и е поддржана од Министерството за култура, Италијанска амбасада во Македонија и Еуролинк и ќе биде отворена се до 31 јануари, 2019 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.