Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНХЦР: Проблемот со починатите мигранти не е наша одговорност

0
By Менче Атанасова Точи on September 28, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 28, 2018 16:40

УНХЦР се оградува од одговорноста за  двајцата мигранти кои три месеци од загинувањето во сообраќајна несреќа, се непогребани во капелата во Бутел.  Знаеме за проблемот , но тоа не е одговорност на УНХЦР, изјави за НОВА Дејан Кладарин од Претставништвото на УНХЦР во Скопје.

„Ние сме тука да помогнеме кога има проблем и кога институциите ќе ни се обратат за помош, но ова не е одговорност на УНХЦР.  Улогата на УНХЦР не е да каже која институција треба да ја преземе одговорноста, туку да помогне кога треба“ Изјави Кладарин за НОВА.

Како што веќе објави НОВА ниту една институција не сака да ја преземе одговорноста за да се погребат телата на двајцата мигранти кои цели три месеци стојат во капелата во Бутел. Институциите си ја префрлаат топката едни на други и кругот се врти, а телата се пред распаѓање.

Од невладината организација Легис кои по две и пол месеца ги пронајдоа телата во капелата во АД Бутел и бараат да ги погребат според муслиманскитре обичаи, велат дека не им ги даваат додека не добијат докумнт од ОЈО.

„Во АД Бутел не ни ги даваат телата за да ги погребаме. Од таму бараат документ од Основно јавно обвинителство за да ни дадат дозвола за погреб. Но, од ОЈО велат дека таков документ досега не издале и топката ја префрлаат на МВР.  Од МВР велат дека не се надлежни да издадат таков документ и дека тие својата работа си ја завршиле“, изјави пред два дена Мерсиха Смаиловиќ од Легис.

Приказната со двајцата млади луѓе од Шри Ланка и Бангладеш кои загинаа во сооображајна несреќа кога транзитираа низ Македонија на пат кон некоја од земјите на ЕУ, очигледно не ги загрижува институциите.

МТСП одговорноста ја префрла на Град Скопје, бидејќи тие биле одговорни за мигрантите, а од Град Скопје нема никаков одговор.

Во Легис велат дека во АД Бутел не им дозволуваат ниту да ги земат телата за да ги погребат во некое село зашто трошоците во Бутел се големи и секој ден се зголемува сумата на фактурата.

Во целиот тој хаос, чија е одговорноста за да се погребат телата, не само што се прекршени човековите права, туку и официјално, овие луѓе не се умрени бидејќи за нив нема издадено посмртница. Како што нагласија во Инстутутот за судска медицина, тоа треба да го направи оделението за потраги и странци во МВР, но и од таму се оградуваат за случајот.

Освен што треба телата треба да се погребат, задолжително треба да се знае и точната локација за што треба да постои официјален документ бидејќи роднините имаат право да ги побараат телата и да си ги  однесат во нивните држави.

Во АД Бутел велат дека доколку никој не се погрижи за телата тие ќе бидат закопани во масовна гробница. Но, тоа ќе создаде проблем доколку семејствата побараат да ги вратат во својата земја.

Двајцата мигранти загинаа 25 јуни годинава во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Радовиш-Штип, кога товарното возило со кое се превезувале мигрантите  удрило во ограда од мост при што уште 17 мигранти беа повредени, а возачот избега од местото на несреќата. Полицијата го знае идентитетот на еден од нив кој е од Бангладеш, а идентитетот на вториот кој е од Шри Ланка, не е официјално потврден.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.