Фејсбук соопшти дека „речиси 50 милиони“ од неговите корисници биле изложени на безбедносен проблем.
Компанијата вели дека напаѓачите можеле да искористат слабост во опцијата „види како“ за да преземат контрола врз туѓите профили.
Нападот бил откриен во вторникот и Фејсбук ја информирал полицијата.
Корисниците кои потенцијално биле изложени на нападот, морале да се логираат повторно денеска.
Недостатокот беше поправен, информираат од компанијата.
– Бидејќи штотуку ја започнавме нашата истрага, се уште не можеме да утврдиме дали овие профили биле злоупотребени за да се дојде до информации. Исто така не знаеме кој стои зад овие напади и зошто тие се случиле – велат од компанијата.
Од Фејсбук велат дека приватноста на нивните корисници е исклучително важна, и жалат за тоа што се случило.




