Поранешен амбасадор на Република Македонија во една од европските држави, физички бил нападнат синоќа, во еден од угостителските објекти во центарот на Скопје, објави Цивил.
Нападот го извршило едно лице што прво го нападналo екс-амбасадорот вербално, со зборовите „предавник“, „го продадовте името“ и слично, го пцуел и навредувал, за потоа да му зададе и силен удар во задниот дел од главата, по што нападнатиот паднал. Нападнатиот ја задржал присебноста и не одговорил на нападот.
Неофицијално дознаваме дека напаѓачот е син на поранешен градоначалник на скопска општина. Според сведоштвата, непосредно пред нападот, тој ја малтретирал и својата придружничка. Случајот е пријавен во полиција.
Поранешниот амбасадор, инаку, е познат по своите јавни настапи за поддршка на референдумот.