НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За Мицкоски референдумот е неуспешен, но не бара предвремени избори

1
By Нова ТВ on September 30, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва од штабот на партијата изјави дека граѓаните кои гласале „против“ на референдумот и оние кои не излегле на гласање ја испратиле најгласната порака дека „Ова е Македонија“.

Имаме нова општествена реалност во која македонскиот народ но и Албанците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците покажаа мудрост и не дозволија да бидат заведени. Тоа е желбата на народот која ВМРо-ДПМНЕ ќе ја следи, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес конференција по завршувањето на гласањето на рефререндумот.

„Народот покажа дека не се плаши. ВМРО-ДПМНЕ останува со народот и ќе ве победиме. Затоа што ова денес е пораз не само за Договорот  со Грција туку и за криминалот на власта, за наместени тендери за уништената економија, за немање прокети во образованието, здравството. Ова е пораз за бизнисите на Вицето, Анѓушев, за криминалците кои ги пуштивте слоода. Народот е на нозе а до сега никој не победил народ“, рече Мицкоски.

Тој ја обвини владеачката СДСМ дека во текот на денот испраќала лажни пораки до членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на гласање и дека власта полнела гласачки кутии во неколку општини низ Македонија.

„Ќе одговарате за тоа како приватни телефони се нашле во рацете на луѓе од „Бихаќа“, како се полнеа гласачки кутии во Сарај, Струга и Бутел каде што се обидовте да ја фалсификувавте војлата на народот и за тоа што локални шерифи на СДСМ посетувале домови и на сила ги уценувале граѓаните да гласаат“, кажа Мицкоски.

Мицкоски испрати порака и до, како што рече тој, Владата но и до „лажните душегрижници за вмро-овските работи“.

„Два месеци ширевте невистини и лажни анкети за да го манипулирате народот дека сум се договорил со Заев, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се распадне, те дека ќе ме снемело те дека сум марионета и нечија продолжена рака. Еве стојам овде и може да се погледеме во очи. Ви кажувам дека Македонија ќе победи и ќе продолжи да победува. ВМРО-ДПМНЕ била, е и ќе остане со народот бидејќи организацијата е народот а народот е органзацијата. ЕУ и НАТО аспирациите се наши стратешки приоритети но исто го почитуваме фактот дека народот има свои приоритети како што е името на државата и името пресенено од колено на колено“, рече Мицкоски.

За неуспешниот референдум, како што оцени Мицкоски, директна вина сноси премиерот Зоран Заев и Владата. Тој ги повика премиерот Заев, Собранието, сите пратии и сите пратеници, како што рече тој, да ја почитуваат волјата на народот.

Мицкоски не беше конкретен во одговорот на новинарско прашање што мисли за изјавата на Заев за предвремени избори и дали ќе ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат против Договорот со Грција.

„Колку и да збори за избори смрштениот израз на лицето на Заев кажува дека потонале сите бродови а и тендерите. Денеска народот кажа дека е против промена на името но е за членсотво во Еу и НАТО. Граѓаните ја сакаат европска македонија но се против Договорот Заев-Ципрас. Бројките се немилосрдна категорија и јасно го изразуваат продолжението на борбата на народот. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со активностите во насока на барање вистински решенија. Пораката до сите па и до пратениците е јасна. Заев не треба да се подготвува за избори туку за заминување во трајна политичка пензија“, рече Мицкоски.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.