НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грција останува посветена на Договорот, поддршка од Хан и Столтенберг

0
By Нова ТВ on October 1, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грција останува посветена на Договорот од Преспа, објави синоќа грчкото МНР, веднаш по завршувањето на гласањето на референдумот во Македонија за Договорот.

Според нивната оценка, резултатите од референдумот се контрадикторни, бидејќи голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам. Грција, како што се посочува, го почитува изборот на граѓаните од соседната земја.

Додаваат дека според нив, климата на национализам и сомнеж, секојдневните лажни вести и фанатизмот, не дозволувале да се направи трезвена проценка на големите придобивки од договорот и го спречуваат заемното разбирање меѓу народите.

– Следните чекори потребна е трезвеност од сите страни, независно, за да се обезбеди позитивна динамика на Договорот од Преспа, додаваат од Министерството за надворешни работи на Грција, во соопштението за резултатите од референдумот.

Премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас синоќа по завршувањето на гласањето, имале телефонски разговор. Како што пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА, Ципрас го поддржал Заев за „одлучноста и храброста да продолжи со спроведувањето на договорот“.

За исходот од референдумот прв од Брисел вчера се огласи еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, а по него и првиот човек на НАТО, генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Хан оцени дека гласовите “за“ на референдумот се значајни и со тоа се дава поддршка на Договорот од Преспа.

– Им честитам на оние кои гласаа денеска на консултативниот референдум и ги искористија своите демократски слободи. Со значајното “да“ има широка поддршка за Преспанскиот Договор и евроатлантската иднина на земјата, напиша Хан на Твитер и изрази очекување сите политички лидери да ја почитуваат оваа одлука и да ја спроведат со голема одговорност во интерес на земјата.

Столтенберг, пак, повтори дека вратите на Алијансата остануваат отворени за Македонија, но дека сите национални процедури мораат претходно да се завршат.

– Го поздравувам гласот „за“ на референдумот во Македонија, итно ги повикувам сите лидери и партии да се ангажираат конструктивно и одговорно за да ја зграпчат оваа историска прилика, напиша Столтенберг на Твитер.

Грција Столтенберг Хан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.