Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шеќеринска: Пратениците имаат избор- влез во НАТО и ЕУ или изолација

1
By Соња Петрушевска on October 1, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 1, 2018 15:06

На референдумот гласаа повеќе од 660 илјади граѓани и од нив 91 процент гласаа „За“, дури и излезноста да беше поголема овој резултат ќе значеше јасна одлука на граѓаните , а тоа е европска Македонија, кажа денеска на прес конференција вицепремиерката Радмила Шеќеринска.

„Политичката идеја нашата татковина да обезбеди европска иднина доби повеќе гласови од било кој победник на било кој парламентарни избори од независноста до денес„ кажа Шеќеринска.

Одлучија гласовите на тие што гласаа и тие граѓани ја презедоа одговорноста за иднината на својата земја и јасно порачаа што значи тој глас.

 „Со мнозински изразената волја, пратениците во Собранието немаат друга опција освен да го следат гласот на мнозинството за да се забрзаат процесите за членство во НАТО  и ЕУ,  цели кои досега ги поддржа секој собраниски состав на Македонија“, кажа Шеќеринска.

Таа очекува сите одговорни лидери да одговорат на јасната порака на граѓаните  и да ја однесат државата каде што припаѓа и повика партиските интереси да се остават на страна.

„Пратениците имаат избор – влез во НАТО и ЕУ или изолација за својата татковина“, додаде Шеќеринска.

Шеќеринска исто така кажа дека единствен друг излез се предвремени парламентарни избори и тоа веднаш.

„Некои и во кампањата велеа дека можеме да почекаме, друг договор да се направи – тоа не е точно. Македонија ваква шанса нема да има во блиска иднина. Никој не излезе со алтернатива за членството во НАТО и ЕУ, затоа што нема таква алтернатива – пораката е сите да заиграме на страната на Македонија и да не ги коцкаме нашите шанси.

На прашањето околу изборите и тоа што „пржинска влада“ треба да се формира 100 дена пред избори, Шекеринска објасни дека ако се оди на редовни избори „пржинска влада“ треба да се формира 100 дена претходно, но Уставот предвидува можност Собранието да се распушти и избори да се закажат за 60 дена.

„Ќе ги почитуваме законите и ќе одиме на рокови според Уставот“, изјави Шекеринска.

Целта, според неа, е да не се губат денови и Македонија да не ја губи шансата.

Власта најави дека следнава недела ќе има поединечни средби со различни политички и во наредните 7 до 10 дена  ќе се направи проценка дали има шанси да се обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени.

Вицепремирот за евроинтеграции Бујар Османи кажа дека Македонија од секогаш имала проблем со цензусот и затоа е намален цензусот за избор на претседател на државата од 40 на 30 проценти. Единствен инструмент за мерење на волјата на граѓаните се гласовите на оние кои гласаа „за„ или „против“.

„До последната секунда, затоа што знаете дека времето ни е ограничено, ќе се обидуваме да обезбедиме мнозинство за имплементација на Договорот, до последниот атом на нашата енергија, но доколку тоа не успее има и други алтернативи“, кажа Османи.

Споредбено со сите изборни циклуси, според Османи,  Албанците гласале во максимален број. Поголем број Албанци гласале на рефрендумот од локалните избори 2017 година.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.