Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија пред избор за патот кон никаде или патот кон животот

0
By Борјан Јовановски on October 3, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 3, 2018 08:38

Македонија е на крстопат. Насоките на правците на овој крстопат се јасни. Едниот води кон членство во НАТО и почеток на преговори за членство во ЕУ, а другиот пат води – никаде.

Уште пострашно, лидерите кои водат кон таа насока, немаат никаков одговор на прашањето – каде завршува тој пат. Едноставно, повикуваат да се оди натаму што е еднакво на суицид кој може да биде избор за некои губитници кои немаат што друго да изгубат, но тоа сигурно не е опција за секој еден нормален човек, без разлика на неговата политичка, етничка, религиозна или каква било друга определба, кој има потреба од нормален живот, од дебати и решенија за наталожените проблеми во образованието, здравството, социјалата, екологијата и куп други теми кои се цивилизациски репер за еден живот во 21 век.

Членството во НАТО, без исклучок како што неспорно укажуваат бројките во секоја една држава од источна Европа која и се придружи на оваа најмоќна военополитичка алијанса во светот, драматично го зголемија бројот на инвестициите и отворањето на работните места. Истите статистики и бројки во тие држави ќе ги пронајдете и со стартот на преговори за членство во ЕУ.

Преговорите за членство се досега најефикасниот инструмент за трансформација на општествата, затоа што во тие сложени процеси добивате асистенција на секое ниво вклучително и финансиско од најразвиените држави во светот какви што се земјите членки на ЕУ, особено оние постарите.

Некои велат дека ние сами треба да ги спроведеме тие реформи. Видовме како изгледа тоа кога самите ги спроведуваме реформите. 27 години талкаме истоштени од тој одвратно долг лет во место. Кого уште треба да издржи оваа наша земја да проба со реформи!? Има ли сила за нови експерименти од кои стотици илјади наши сограѓани избегаа кој каде може за да се спасат, а уште други стотици илјади ја чекаат првата шанса за да го сторат истото, затоа што секој кој нешто знае и разбира едноставно не може да ја поднесе глупоста која зазема се поголем простор.

Се прашал ли некој како тоа Бугарија која ја познаваме сите, во само 10 години, од држава во која се плашевме да одиме со автомобил да не ни го украдат, стана држава пред чии институции ги испраќате вашите деца да се понижат, изјаснувајќи се како Бугари и за да добијат можност во најмала рака, ако ништо друго, да останат во Бугарија, ама само подалеку од оваа небиднина во која и воздухот стана дефицитарен. Нели ве интересира таа загатка, како тоа го направи Бугарија? Одговорот е едноставен. Влезе во НАТО и ЕУ!

Шестотини дваесет илјади (620 000) граѓани се свесни за оваа сурова реалност, а другиот дел, не знаеме колку, остана збунети дома под налетот на една група на луѓе кои само во периодот на целата транзиција се офајдија на грбот на сите нас, сеејќи демагогија за апстрактни категории на национални интереси кои не одведоа до таму да ни се потсмева целиот свет. Само и само тие имаат што да загубат од патот кон ЕУ и НАТО, бидејќи ќе се соочат со строгите правила и критериуми кои ги наложува Брисел, како за нас, така и за сите други, без разлика дали е тоа Париз, Рим или Талин. Тие суштества едноставно стануваат нула во тие други вредносни системи.

Една “професорка” сама се пожали дека Би Би Си и другите западни медиуми не сакаат да објават ништо од неа, но таа затоа имала што да каже во руските пропагандни машини. Логично. Медиуми во една зрела демократија не дозволуваат секој полуписмен да „треска зелени“, кои немаат никаква врска со реалноста. Исто е и со таканаречните бизнисмени кои кога ќе се наложат строгите правила на конкуренцијата од Брисел, ќе можат да бидат евентуално сопственици на гранап. Нивниот интерес е да останеме во оваа кал во која тие се некој и нешто, а најдобра алатка за тоа е да го манипулираат сопствениот народ со небулози за идентитетот, антички потекла, омраза кон сограѓаните Албанци, сеење страв. Тоа е нивниот модус вивенди и модус операнди.

Лидерот на патот кон никаде Ѓорѓе Иванов кариерата во цивилизираниот свет проба да ја прави со намигнување. Потоа се обиде да ги импресионира своите соговорници со нашето античко потекло тврдејќи дека гробот на Хомер е тука на Змиското острово на Преспа (ова е вистина) . Кога виде дека сите му се потсмеваат, бидејќи нема што друго да каже, единствено што му остана е да не изолира за во овој ваков непостоечки систем на вредности, да биде некој и нешто.

Тој лидер на несреќата, квази интелектуалците и транзициски бизнисмени немаат одговор што ќе се случи со Македонија на патот кон никаде во овој бившојугословенски простор во кој границите се уште остануваат отворено прашање каков што е случајот со Косово, Босна, но и Македонија доколку остане надвор од евроатлантските интеграциски процеси.

Немој да мислите дека само ние се соочуваме со вака агресивен отпор кон членството во НАТО и ЕУ. Тоа се случуваше во секоја држава од источна Европа. И повторно свртете се 200 километри кон исток, во Бугарија. Мафијата, транзициските лопови се обидоа на разни начини да ги спречат тие процеси. Во Бугарија мафијата го имаше главниот збор, а кога виде дека губи секаква релевантност за зачленувањето на таа држава во ЕУ и НАТО, се обидоа да ги извадат и пиштолите. Имаше и жртви. Нивната среќа за разлика од нас е што мафијата не си најде толку голема партија како ВМРО ДПМНЕ да ги штити нивните интереси. Со нив нема компромис, бидејќи секој компромис кои би го направиле за да се деблокира нашиот пат кон ЕУ и НАТО за нив значи губење на нивните вулгарни лукративни интереси.

Затоа, сите политички партии кои го разбираат овој историски момент за конечно дефинирање на македонската државност треба да излезат на избори што поскоро со јасна и прецизна агенда за брзо поместување од оваа мртва точка на крстопатот кон патот на просперитетот кои пред нас го изодеа многу други нации и стасаа таму каде што е најдобро за нивните граѓани. Избори веднаш, на кои избираме меѓу патот на животот и патот кон никаде.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.