НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Свилановиќ: Регионот не е извозник на нестабилност, но сме транзит

0
By Нова ТВ on October 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На овие простори ние не сме извозник на нестабилност кон Европа, но сме транзитна зона, и кога е во прашање шверц на наркотици, на оружје и радикализација. Поради тоа сакаме да придонесеме во вкупната стабилизација и во зголемувањето на нивото на безбедност низ европскиот простор, но со потополно јасна дефиниција дека проблемите не потекнуваат од тука. Имаме сериозна обврска да ги спречиме тие транзитни процеси и поради тоа сакаме да оствариме и подобра национална координација и регионална соработка во оваа област.

Ова денеска го изјави Горан Свилановиќ, генерален секретар на Советот за регионална соработка со седиште во Сараево, БиХ. Свилановиќ заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се обратија на  регионалниот семинар на тема „Превенција/борба против насилен екстремизам“ во организација на Регионалниот совет за соработка и Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот.

Свилановиќ рече дека идејата е да се овозможи координација на национално ниво на различни институции – министерства за внатрешни работи, за правда, Управата за извршување санкции, како и други делови од Владата ангажирани за безбедноста.

– Сакаме да се договориме како на национално ниво да се врши координација, како регионално да соработуваме, рече Свилановиќ, додавајќи дека е многу важно да се работи со локалните заедници.

Тој посочи дека овој семинар е наменет за експертите  и целта е тие утре да бидат во состојба да се ангажираат, секој во својата заедница и секој во својата држава. Притоа да знаат кои им се партнери од другата страна на границата, кои можат да им помогант во решавање на проблемите.

Најави дека утре ќе биде во Тирана каде што ќе има собир на министрите за внатрешни работи и на министрите за правда од регионот, а домаќин ќе биде европскиот комесар Аврамопулос кој ќе ги соопшти новите елементи од Акцискиот план што го подготвила ЕК за како да ни се помогне и како да се соработува со ЕУ. Ова, како што рече, е проблем што ги надминува нашите граници и ние сме само дел од мапата на широк европски простор.

– Овој Акциски план има неколку елементи. Првиот е дека радикализацијата на сајбер-простор е суштински најголема опасност во овој момент. Сите се ангажираат на тоа материјалот кој е радикализиран да се отстрани од интернет и да се оневозможи негово повторно поставување на интернет, рече Свилановиќ. Најави дека за ова ќе зборуваат во наредните денови, како и за подготовките како во регионот да се примени овој Акциски план на ЕК.

Свилановиќ изјави дека Советот за регионална соработка подготвил студија за радикализација на сајбер-просторот, чии елементи денеска првпат ќе се претстават пред јавноста.

– Ние со оваа студија сакаме да постигнеме уште една работа, малку да ја намалиме политичката употреба и злоупотреба кога се зборува за радикализација, рече Свилановиќ.

екстремизам Свилановиќ семинар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.