Published: Thursday, October 4, 2018 13:31
Украинското Министерство за надворешни работи го прогласи унгарскиот конзул во градот Берегово за „персона нон грата“ и му даде рок од 72 часа да ја напушти земјата.
– Се надеваме дека унгарската страна во иднина ќе се воздржи од непријателски чекори кон Украина и нејзините официјални претставници нема да ги кршат украинските закони, се наведува во соопштението на Министерството.
Причината за ваквиот чекор е што Унгарија издава свои пасоши на припадници на унгарската заедница во таа земја.
Во мешувреме, Унгарија објави ќе го протера украинскиот конзул како одговор на протерувањето на унгарскиот конзул од Украина, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.




