Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изборите во БиХ во сенка на протестите за смртта на младиот Давид

3
By Нова ТВ on October 6, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 6, 2018 18:29

Во недела се оддржуваат избори во БиХ, а граѓаните во  Бања Лука шест месеци протестираат поради смртта на младиот Давид, за кој се сомневаат дека е убиен и дека власта сака да ги сокрие доказите. Овој нерасветлен случај ја компромитира владеачката коалиција и може да биде пресуден, Додик да ја изгуби поддршката во најголемата изборна единица

Босна и Херцеговина на изборите во недела избира членови за Претседателството на БиХ, нов состав на Парламентот, претседател на Република Српска, пратеници во Парламентот на Федерацијата БиХ и Народното собрание на РС, како и за пратеници во собранијата на десет кантони во федерацијата.

Ова се осми избори во Босна и Херцеговина и како и претходните, се случуваат во атмосфера на голема  национална и етничка поделба.

Тензиите меѓу двата спротивставени табора во РС пред изборите дојдоа до кулминација.  На едната страна е актуелната владејачка коалиција, на чело со Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), засилени со Демократскиот народен сојуз, Социјалистичката партија и Обединета Српска.

На другата се Сојузот за победа, во кој се Српската демократска партија, Партијата на демократскиот прогрес, Народното демократско движење и други помали политички партии. Битката е меѓу Жељко Цвијановиќ од СНСД или Вукота Говедарица од СП, за тоа кој ќе ја добие довербата на граѓаните во РС за претседателски кандидат. Победата на Говедарица ќе значи смена на власта на блокот предводен од Милорад Додик, по цели 12 години.

Според медимите во оваа држава, разликата меѓу претседателскиот кандидат на СНСД и на СП е мала, а гласовите на независните кои се проценуваат на 50 отсто од изборното гласачко тело може да бидат пресудни.

Но, она што може да биде одлучувачки фактор се и протестите на граѓаните во Бања Лука, кои шест месеци бараат  „Правда за Давид“, заради убиството на 21-годишното момче Давид Драгичевиќ. Родителите на Давид тврдат дека нивниот син е убиен од полицијата и дека во случајот се вмешани и високи функционери.

Тие тврдат дека власта се обидува да ги сокрие доказите за убиството. Со нив секој ден во центарот на Бања Лука се стотици граѓани кои бараат одговор на прашањето: Кој го уби Давид Драгичевиќ?

Случајот со младиот Давид ја компромитира владејачката коалиција предводена од Додик и се поизвесно е дека ја губи поддршкна во Бања Лука, која е  всушност е најголема изборна единица во РС. Сојузот за победа застана зад барањата на семејството Драгичевиќ, што уште повеќе ја зоврива атмосферата пред избори.

Приказната за таткото кој ја бара правдата за својот син што ја крена јавноста на нозе и ги помина границите на оваа држава, можете да ја видите тука.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.