НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Суд: Повлечено е барањето за забрана на „Ругање со Христос“

0
By Нова ТВ on October 9, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основниот суд Скопје 2 соопшти дека вчера од Државното правобранителство на Република Македонија му е доставен поднесок за повлекување на предлогот за изрекување привремена мерка за забрана за прикажување на  „Ругање со Христос” – дебитантски игран филм по сценарио и режија на Јани Бојаџи.

– Поради поголемата заинтересираност на медиумите во врска со предметот ВПП – 250/18, ве известуваме дека на ден 8 октомври 2018 година до Основниот суд Скопје II Скопје, доставен е поднесок од страна на Државно правобранителство на Република Македонија за повлекување на предлогот за изрекување на привремена мерка, соопшти денеска Судот, откако Државниот правобранител во неделата најави дека предлогот ќе биде повлечен.

Од Државното правобранителство за МИА завчера соопштија дека решението е донесено по направени дополнителни и целосни согледувања и правни анализи.

– По информацијата дека филмот веќе се емитува, констатирано е дека по однос на барањето нема веќе правна основа. Согласно ингеренциите, постапувањето на Државниот правобранител ќе биде насочено единствено кон заштита на имотните права на Република Македонија поврзани со исплатите на надоместот за филмот од Буџетот на Република Македонија, наведоа од Правобранителството.

Македонската премиера на филмот беше во петокот во кино „Милениум“, а наредниот ден режисерот Бојаџи на прес-конференција ја повика Владата да го остави филмот да заработува и да се прикажува низ Македонија.

– Ја веќе не сум важен и на филмот му посакувам добра среќа и да се сретнеме сите некаде пак. Важно беше да се случи таа премиера за да се отвори портата и да паднат сите маски. Тука јас завршувам, еве го филмот. Ако отвора општествени дискусии, мене ќе ми биде драго да се разговара, рече Бојаџи.

Филмот освои награда на фестивалот во Монтреал, каде што беше светската премиера, а во Македонија до петокот не беше прикажан и беше достапен само трејлерот. Пред еден месец предизвика внимание во јавноста по оценката од Министерството за култура дека е „скандалозен и контроверзен, дека тенденциозно игра со историјата и му наштетува на соживотот“.

Пред проекцијата во „Милениум“ Бојаџи рече дека неговиот филм не се занимава со вистината, туку со приказна. Кажа дека во изминатите два месеца добивал прашања дали е филмот снимен според вистина и одговори дека со прашањето дали филмот треба да се занимава со вистина престанал да се занимава пред дваесетина години, уште додека студирал.

– Особено да се занимаваме со вистината во кинематографијата е бесмислено кога толку лаги има наоколу. Значи, овој филм не се занимава со вистина, туку со приказна, рече Бојаџи.

Филмот е нискобуџетен, снимен со 280.000 евра, осум недели во Македонија, Грција и Франција и има интернационална екипа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Кијив денешниот ден го прогласи за Ден на жалост – Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

Главниот украински град го прогласи 25 април за ден на жалост за 12-те лица убиени…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.