Бугарската полиција приведе еден осомничен во врска со убиството на новинарката Викторија Маринова, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извори блиски до истрагата, објави Алсат М.
„Можеме да кажеме дека осомничениот е приведен“, рекол изворот несакајќи да открива повеќе детали.
Медиумите во регионот излегоа со дополнителна информација, презентирана на бугарското радио, во која неофицијално се вели дека уапсеното лице е државјанин на Романија.
Бугарската новинарка, Викторија Маринова (30) беше брутално претепана, силувана и задавена во саботата во бугарскиот град Русе, а нејзиното тело е пронајдено во парк недалеку од реката.
Маринова беше уредник на бугарската телевизија ТВН и известувала за истрага за наводна корупција поврзана со фондовите на ЕУ.




