НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вистината, лагите и лајковите-Истражувачки филмски фестивал по вторпат

0
By Нова ТВ on October 9, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од 25 до 27 октомври во Кино Култура ќе се одржи второто издание на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје. Водечка тема ќе биде „Truth, lies & likes/„Вистината, лагите и лајковите“.

Ако порано „лагата шеташе половина свет, додека вистината уште ги облекуваше чевлите“, денес технологијата ѝ дава инстант билет на лагата до секоја точка на Земјата, додека вистината уште се бори да игра по старите правила во новата дигитална ера. Заедно со низа позитивни аспекти и безброј можности, онлајн-сферата донесе и феномени како лажните вести, отворено поле за политичка пропаганда, манипулации, спинови и уште полесно наметнување на разните агенди од центрите на моќ. Борбата за јавниот интерес и потрагата по вистината како главна мисија на новинарството, стануваат сѐ потешки.

Големиот интерес на публиката за дебатата на првото издание на фестивалот „Македонија и феноменот на лажни вести“ ни покажа дека иако секој има различно видување за тоа што е вистина, сепак многумина сме обединети во желбата да ја пронајдеме.  

Затоа, второто издание на Истражувачкиот филмски фестивал Скопје ја разгледува вечната борба за превласт меѓу вистината и лагата, која кулминира во дигиталниот 21 век. Фестивалот го организира Платформата за истражувачко новинарство и анализи и партнерите ФЕС – Скопје.

Започнуваме со Џејн Литвиненко (Jane Lytvynenko) од BuzzFeed News, со која ќе ги бараме начините за дознавање на вистината и справување во дигиталниот универзум преку проверка на фактите.  Првиот фестивалски ден ни го носи и истражувачкиот документарец на британската телевизија „Channel 4, Inside Facebook: Secrets of the Social Network“, овозможувајќи ни редок увид зад кулисите на социјалната мрежа, во светот на модераторите кои одлучуваат меѓу цензура и слобода на говор на омраза.

На второто издание на ИФФС, за прв пат имаме и претставник на Google, Daniel Rzasa од нивната програма Google News Lab, кој ќе ги претстави можностите што најновите дигитални алатки им ги нудат на современите новинари. Новинарската лабораторија на „Гугл“ е тим кој е дел од Google News Initiative чија мисија е да соработува со новинарите и медиумските претприемачи за да придонесе во иновацијата во новинарството.

Годинава ИФФС ќе пречека и тројца врвни истражувачки новинари од Германија, Анете Довидајт (Anette Dowideit) од Welt, Фолкер Штајнхоф (Volker Steinhoff) од најстариот истражувачки ТВ-магазин Panorama и Оливер Шром (Oliver Schröm), главен уредник на CORRECT!V, со кои ќе разговараме за предизвиците со кои се соочува истражувачкото новинарство во Германија, како и опасноста од ширење лажни вести и дезинформации во Европа.

Со истражувачкиот новинар Карло Бонини (Carlo Bonini) од италијанскиот весник „Ла Република“ и Мат Сарнецки (Matt Sarnecki), продуцент од The Organized Crime and Corruption Reporting Project (OCCRP) ќе го разгледаме сериозниот ризик кој ги следи новинарите во секоја нова потрага по вистината и ќе разговараме за безбедноста на новинарите во Европа. Бонини и Сарнецки ќе ги претстават документарните филмови „Дафне“ за убиството на новинаркатаод Малта, Дафне Каруана Галиција и „Убивајќи го Павел“ („Killing Pavel“), посветен на проблематичната полициска истрага за убиството на белорускиот новинар Павел Шеремет.

Годинава ИФФС ја носи и успешната приказна на хрватскиот портал Lupiga, каде новинарите Ивор Цар и Ладислав Томичиќ ќе говорат за успехот на нивната crowdfunding кампања, во која успеаја да соберат повеќе од 42.000 долари од своите читатели како финансиска поддршка за понатамошно независно функционирање на нивниот медиум.

Вториот фестивалски ден е македонски ден – посветен на медиумите и новинарството во Македонија и предизвиците на домашен терен. Ќе се обиде да продре во актуелното прашање за власта и пиарот на социјалните мрежи, каде новинари и медиумски личности ќе дискутираат со претставник од владиниот пиар. Ќе ги разгледаме и задачите што им претстојат на новите генерации истражувачки новинари кај нас и ќе поразговараме со помлади, но и поискусни познати новинари од Македонија, кои секојдневно работат на доближување на вистината до граѓаните. Покрај документарците на СКУП и „Кадар“, ќе ја видиме и велешката бајка „Fake News Fairytale“ на лондонската режисерка Кејт Стоунхил (Kate Stonehill). Од успешната домашна приказна за кратки видеа „Види Вака“ ќе ни раскажат како во една минута да ја освоите публиката на социјалните мрежи.

Влезот за сите настани ќе биде бесплатен, а целосната програма и сите детали за настаните на ИФФС2 ќе бидат објавени наскоро. Партнери на ПИНА во организација на фестивалот се Friedrich-Ebert-Stiftung Skopje Office, со чија поддршка се реализираат настаните во трите фестивалски денови.

Сите најнови детали за фестивалот може да ги следите на веб- страниците www.pina.mk и www.iffs.mk, како и на нашите страници на Фејсбук https://www.facebook.com/pina.mk/ https://www.facebook.com/iffs.mk/ , Твитер https://twitter.com/pinamkd  и Инстаграм.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Кијив денешниот ден го прогласи за Ден на жалост – Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

Главниот украински град го прогласи 25 април за ден на жалост за 12-те лица убиени…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.