Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вељаноски: Нема да има двотретинско мнозинство за менување на Уставот

1
By Соња Петрушевска on October 10, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: Макфакс
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 10, 2018 13:45

Немате двотретинско мнозинство за промена на Уставот, а вие само продолжете со процесот – кажа пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Трајко Вељаноски  на Комисијата за уставни прашања во Собранието на која се дебатира за уставните измени.

„Мнозинската волја на народот која беше изразена преку неизлегување на референдумот е императив за секој пратеник. Немам мандат да го менувам Уставот, затоа што е спротивно на рефрендусмката одлука“, кажа Вељаноски по што следуваше аплауз од пратениците од ВМРО ДПМНЕ.

Претходно, Вељаноски наведе дека опозицијата, академската јавност и претседателот на државата биле исклучени од преговорите кои како национален интерес ги претставил како што рече „тесен круг политичари“.

„Наместо јавно дебати се водеа тајни преговори, наместо консензус и обдеинување договорот доведе до поголема поделеност на општеството“, рече Вељаноски.

Тој исто така обвини дека на власта им бил поважен тајмингот за Договорот, од колку содржината.

Премиерот Зоран Заев, кој го образложи предлогот на Владата, рече дека нема ништо спорно во предлогот за уставни измени и ги повика пратенииците да не подлежат на притисоци и да се обединат околу стратешките цели на земјата.

„Со оваа одлука референцата ФИРОМ , ќе ја испратиме во историјата“, кажа Заев и додаде дека со Договорот се заштитува македонскиот идентитет за век и векови, а македонскиот јазик станува признат и од Грција.

„Нашиот влог е прецизирано име – Република Северна Македонија“, рече Заев.

За стручната и експертска јавност, оцени тој, измените се согласно меѓународните стандарди.

„Оваа иницијатива се покренува во согласност со законите и институционалните постапки“, рече Заев кој потенцираше дека пратениците се тие кои треба да ја одредат иднината на граѓаните кон НАТО и ЕУ и дека треба да се изјаснат по своја волја. Сега е време сите што се за НАТО и ЕУ да ги поддржат измените“, рече премиерот.

Расправата во собраниската Комисија за уставни прашања може да трае десет дена.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.