Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Беса Арифи: Смрт за фашизмот…

0
By Нова ТВ on October 11, 2018 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 11, 2018 12:15

 Пишува: Беса Арифи, Вонреден професор при Универзитетот на Југо-Источна Европа

 

Денешниот ден се слави во Македонија како ден на почетокот на борбата против фашизмот. За жал, и во денешен ден вистината е следната: Во Втората светска војна Хитлер и Германија беа поразени, меѓутоа не и фашизмот. Фашизмот преживеа, се преструктуира и продолжи повторно да се појавува како во минатото така и во сегашноста, како во светот така и во нашата мала земја која денес го слави токму почетокот на борбата против истиот.

Само пред неколку месеци имавме протести против Законот за употреба на јазиците, во кои наши сограѓани бараа гасни комори за Албанците. Државата ја слави борбата против фашизмот меѓутоа не успеа во ниту еден момент да го намали фашизмот и национал-шовинизмот на своите граѓани, и во овие модерни времиња на цивилизации од дваесет и првиот век.

Секако дека во минатите единаесет години ваквиот фашизам повторно цутеше во Македонија. Одамна посеано семе на омраза најде плодна почва за да вроди со плод, стимулирано од тогашната власт која ја негуваше таквата омраза со ефикасното ѓубриво на пропагирање поделба меѓу граѓаните, преку која успеваше продолжено да ги добие потребните гласови да остане на власт и да стане недопирлива. И така, останувајќи на власт се повеќе се корумпира самата и ги корумпира и другите сé до еден ден кога дознавме дека сме заробена држава, заробена исто како и Германија во Третиот рајх, бидејќи, да не забораваме, и Хитлер дојде на власт преку слободни и демократски избори.

Последиците на тој фашизам ги гледаме и ден денес. Токму тој фашизам влијаеше поделбите да бидат толку големи за Македонците да мислат дека Албанците им ја преземаат државата во свои раце, а Албанците да мислат дека немаат допирни точки со оваа држава и дека не треба да ги интересира што се случува во неа. Токму тој фашизам, понекогаш камуфлиран, понекогаш целосно отворен, влијаеше за Македонците да биде табу тема учењето на албанскиот јазик и да се залагаат за благосостојбата на своите сограѓани, додека пак за Албанците да биде табу да ги поддржат државните процеси за кои и тие имаат одговорност како државјани на оваа земја. И функционираше овој вид на фашизам, и тоа многу убаво до сега. Затоа што нема ништо посилно за да мобилизира маси полни со омраза отколку фашистички и национал-шовинистички тези.

Таков говор на омраза кој сее и негува вакви појави гледаме насекаде. Говор и дела на омраза кои никако да почнат соодветно да се осудат и казнуваат, за да бидат поука за другите, за да бидат порака од државата дека фашизмот не се толерира. Единствената причина зошто за неполни две години сме имале протести против Албанската платформа, протести против составувањето на новата влада, протести против Законот за употреба на јазиците и протести против Договорот од Преспа е токму латентниот фашизам кој се дозволил да преживее во душата на граѓаните се до ова време. Единствената причина зошто 27 Април 2017 година беше возможен е токму овој фашизам. Затоа што да не беше тој фашизам ќе беше невозможно поранешните државни структури да успеат да мобилизираат толку луѓе кои ќе прифатат насилно да влезат во Собрание, да се вклучат во терористичко загрозување на уставниот поредок и да прифатат да разгорат и граѓанска војна, а за што? За нивните наредбодавачи да спасат жива глава и да останат на власт. Бидејќи јасно ни е на сите дека на нивните наредбодавачи не им беше воопшто важен ни фашизмот ни патриотизмот ниту пак социјалната благосостојба на граѓаните. На нивните наредбодавачи на кои ни ден денес не им се суди за случувањата од 27 Април 2017 година, им беа важни само нивните длабоки џебови полни со буџетски пари. Бидејќи за време на фашизам некои најдобро заработуваат.

Така како што заработувале воените профитери на Третиот Рајх, исто заработувале и поддржувачите на фашизмот во нашата земја. И сега се соочуваат со сериозни казни за ова. Се соочуваат со истраги и обвиненија од СЈО, се соочуваат со ефективни казни затвор. Ако внимателно ги читате сите случаи покренати од СЈО ќе забележите дека на овие кои пропагирале фашизам ич не им било тешко да соработуваат беспрекорно со “евреите” читај “клетите шиптари” за кои упорно и во секоја деценија бараат гасни комори. Тие големи патриоти изгледа немале никаков проблем да соработуваат со странски сили на кои изгледа им дале “подароци” за гасоводи кои се граделе со наши пари. Не им било тешки ниту да соработуваат со историски непријатели на кои изгледа дека им продале државно земјиште за 71 денар по метар квадрат. Бидејќи нели историското ВМРО била тајна организација која делувала против Османлиската империја која во тоа време бил наш окупатор. Сепак на некои изгледа не им било воопшто тешко да им вршат услуги на странски сили кои сакаат да бидат и модерен окупатор и кои имаат свои агенди во овие земји. И во сите овие процеси, овие соработници со непријателите сеуште успеваат да се продаваат како големи патриоти на кои ете, им се случува политички прогон.

Причините зошто овие работи по се изгледа се случувале за долги години во нашата држава е токму фактот што фашизмот во нас не сме успеале никогаш да го поразиме. И затоа залудно ја славиме борбата против истиот кога уште не се знае дали ќе успееме во Собрание да ги изгласаме уставните амандмани кои ќе не доближат до земјите на НАТО и ЕУ. Залудно ја славиме борбата против фашизмот кога уште како општество имаме дилеми дали сме за демократија или авторитаризам. Залудно славиме кога ете веќе 10 години прифаќаме Иванов да биде нашиот претставник во светот, кога добро знаеме дека тој подобро ги претставува руските интереси отколку интересите на граѓаните на својата земја. Залудно ја славиме борбата против фашизмот, кога добро знаеме дека тој не е мртов туку е жив и поопасен од било кога.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.