НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Репортери без граници: За девет месеци се убиени 56 новинари

0
By Нова ТВ on October 11, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во првите девет месеци од годината, поради нивната професионална дејност, убиени се 56 новинари, што е повеќе од целата 2017 година, се наведува во соопштението на невладината организација „Репортери без граници“.

Организацијата посочува дека 2017 беше година со најмал број на убиства на новинари во последните 14 години, но 2018 година не продолжува таквиот надолен тренд.

„Веќе 56 новинари се убиени поради нивната професија. Бројот се зголемува и треба да се додадат повеќе од десет случаи што ги истражува Репортери без граници. Таквата вознемирувачка бројка не упатува дека под итно треба уште многу да се направи за заштита на новинарите“, истакна генералниот секретар на „Репортери без граници“, Кристоф Долоар.

Тој додаде дека поради тоа „Репортери без граници“ повторно инсистира за именување на специјален претставник на Обединети нации, кој ќе биде задолжен за заштита на новинарите, мерка поддржана од низа држави, како и од 130 медиуми, организации и синдикати од целиот свет.

Најопасна држава за новинарите е Авганистан, каде од почетокот на годината убиени се 13 новинари. На 30 април во Авганистан загинаа 10 новинари. Деветмина загинаа во двоен бомбашки напад меѓу кои и главниот фоторепортер на „АФП“ во Кабул, Шах Марај, Истиот ден дописникот на „Би-Би-Си“, Ахмад Шах загина во вооружен напад во источен Авганистан.

„Репортери без граници“ наведува дека е намалена бројката на загинати новинари во Сирија во споредба со минатата година. Од почетокот на 2018 година во Сирија се убиени двајца новинари, а во 2017 година – девет.

Извештај новинари Репортери без граници Убиства
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.