Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За македонската дипломатија

0
By Нова ТВ on October 12, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 12, 2018 12:35

Пишува Иво Вајгл

Овие редови за списанието Меф, полн со блескави домашни вести и размислувања за светот, списание кое ми е многу драго, ги инспирираше македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, кој со енергија и интелектуална длабочина, недостижна за многумина актуелни министри за надворешни работи на европските земји, ми ја објасни необјаснивата состојба во која се наоѓа неговата земја, пред референдумот, кој ќе се оддржи на 30 септември.

Македонците ќе одговорат на прашањето дали го поддржуваат влезот на државата во ЕУ и НАТО, и во тој контекст, дали го поддржуваат Договорот со Грција, договор кој го постигнаа надворешните министри на Грција и Македонија, а се однесува на новото име на државата долж Вардар, која ќе се именува Северна Македонија.

И во времето на Југославија, Македонија беше дел од политичкиот врв, преку поединци кои работејќи во дипломатско подрачје одлично се позиционираa и дома и во странство.

Еден од нив е Лазар Мојсов, поранешен министер за надворешни работи на поранешната СФРЈ, кој беше изгласан за претседател на Генералното собрание на ООН и Александар Грличков, луциден партиски реформист кој ги застапувал трендовите на европската левица.

Начинот на кој 46 годишниот меѓународен правник Никола Димитров се обрати во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, кој вчера за првпат го разгледа мојот извештај за напредокот на Македонија на својот пат кон ЕУ, во очите на сите кои учествуваа во дебатата, изобилуваше со дипломатска вештина и способност за прифаќање и решавање спорови. Тој и премиерот Заев успејаа во односите со грчките соговорници да створат емпатија и доверба преку конечниот позитивен резултат. Веднаш кога како известувач топло му честитав, се запрашав зошто министрите за надворешни работи на повеќето држави кои ги знам, се толку неефикасни, тромави и посветени на догматски предрасуди кога се работи за превенција на конфликти, спорови и војни.

Доволно долго живеам за да се присетам дека, на пример, пред 30 години кадровската поткованост на европските и не-европските министри за надворешни работи не беше толку слаба. Наместо незамисливо лесниот пристап до сите стратешки битни информации да поттикне нова динамика на меѓународните односи и навремено разрешување на замрзнатите конфликти, завладеа затишје и пасивност, распламтија нови војни и се отворија нови меѓудржавни и меѓуетнички несогласувања. Сивилото на Берлинскиот ѕид и оградите од бодликава жица ги заменија мрзеливоста и удобноста на времето кое следеше. Признавам дека не знам кој ги води дипломатиите на повеќето ЕУ држави, уште помалку како дошле до таа одговорна функција. Тоа важи еднакво како за големите држави, членки на Советот за безбедност на ОН (Франција, Обединетото Кралство, САД…), така и за помалите држави како Шпанија, Италија, Данска, Полска, Чешка, Романија…

Министрите на сите именувани земји, кои ги знаевме, пред во нивните канцеларии да се вселат анонимуси, послушни партиски кадри, неискусни професори и кариеристи, играле некаква улога во оркестарот на светската политика. Меѓународните односи на Земјата се во криза. Тоа веројатно се гледа и од некоја друга планета или галаксија. Недостигот на луѓе со оригинални идеи и лична храброст, кои македонскиот и грчкиот министер ги докажаа, го остава светот да потоне уште подлабоко во летаргијата на нерешливите проблеми. Светот треба да се разбере. Од него да се црпи, да се учи. Да се сака. Само така е можно да го промениш на подобро, а тоа е работа за добри министри и дипломати.

*Објавата финансиски е овозможена од група АЛДЕ / Сојузништво на либералите и демократите за Европа во Европскиот Парламент.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.