НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакција на МЗШВ: Податоците на СДСМ за пченицата се неточни

0
By Нова ТВ on September 30, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ниту земјоделците се излажани, нуту Владата ги има оставено настрана, како што денес тоа го тврди СДСМ, реагираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-Партијата која производната земјоделска година ја сведува со „периодот за подготвување на зимница“ денес излезе со отворање на сериозна тема за која, благо речено е неупатена, а уште повеќе искрена.Ниту пак наведените проценти се точни, уште помалку начинот на откуп и вкупно откупените количини пченица оваа година, до сега, се вели во реакцијата на министерството.

Оттаму велат дека ниту податоците за откупената количина во изминатите години не се точни.

Навистина е жално што и овој пат се потврдува дека „загрижените и стручни“ во СДСМ не соработуваат со производителите на пченица и овластените, односно регистрирани откупувачи на пченица за да ги добијат изворните информации за количината пченица од овогодишната реколта и вкупно откупената количина до сега. Колку е политиката на Владата е погрешна, уште помалку популистичка, ниту превземените мерки се кампањски и без резултат можат да дадат одговор самите земјоделци, се вели подолу во реакцијата.

Од министерството потенцираат дека укинувањето на мерката за условен увоз на пченица е донесено по барање токму на мелничарскиот сектор, а причината е во послабиот квалитет на домашната пченица и нејзино подобрување со увозна поквалитетна пченица.

Според нив, целта е подобрување на брашното како краен производ кој се пласира на домашниот пазар.

-Со оваа системска мерка директно се штити домашниот мелнички сектор и земјоделските производители на пченица, за што истите се запознати и непосредни учесници во нивното изготвување, напоменуваат од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Со рекацијата на изјавата на Татјана Прентовиќ од СДСМ, од министерството прашуваат дали СДСМ ги штитат интересите на земјоделците или веројатно бизнис интересите на нивни видни членови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.