Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ денеска го демантира соопштението на МЕР АД Скопје, со кое вчера од таму ја информираа јавноста дека активностите на Водно за гасоводот продолжиле откако била постигната согланост со граѓанските активисти.
Од иницијативата велат дека не е постигната согласност, ниту биле дел од работните групи за мониторинг на изведбата на целиот проект.
-Во потполност ја демантираме информацијата за граѓанската иницијатива Го Сакам Водно со која согласност не е постигната, ниту пак сме дел од работните групи за мониторинг на изведбата на целиот проект. Ширење лажни вести како официјално соопштение е сепак пострашно од fake news. Освен, ако нема некои нови, преку ноќ одгледани граѓански активисти, велат во објавата од оваа граќанска иницијатива.
Од Македонски енергетски ресурси вчера соопштија дека активностите се отпочнати од понеделникот за продолжување на изградбата на магистрален гасовод делница Скопје – Тетово – Гостивар кај потегот на Водно и тоа од на потегот кон Шишево.