НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата преку оглас бара послушници

0
By Сашка Цветковска on September 30, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата наскоро ќе избере нови членови на Управните и надзорните одбори во институциите и претпријатијата кои се во нејзина директна или индиректна надлежност. Изборот се врши преку јавен повик, па до минатата среда за овие привлечни позиции можеа да аплицираат сите граѓани на Република Македонија. Или, сите кои ги исполнуваат законските услови, како соодветно образование и искуство.

Но, за прв пат во државните огласи за вработување се „протна“ и еден малку поинаков критериум. Па, освен образованието и искуството, од кандидатите во огласот се бара „да ги поддржуваат политиките на Владата“.

Дали послушниците почнаа да се бараат и преку владини огласи? Зошто поддршката на владините политики да биде критериум за избор на членови на управни и надзорни одбори? Дали постои дискриминација?

Мислење побаравме и од институциите и од експертите. Деканот на правниот факултет при Универзитетот ФОН и експерт по јавна и државна администрација, Темелко Ристовски, вели дека огласот е ограничувачки, дискриминаторски и пропагира политизација на институциите.

-Ако се бара од некого да ги поддржува политиките на Владата, се оди отворено кон политизација на тие тела. Додека стручно работење е она работење кое се заснова на Уставот, законите и подзаконските акти. Со таква една одредба се имплицира практично дека се бараат послушници на власта, вели професорот Ристовски.

Тој додава дека ваквиот критериум подразбира сериозна опасност од пристрасност.

-Тоа е веќе психологија на трудот. Плашејќи се да не застранат од политиките на Владата може да бидат и пристрасни во одлучувањето, да се трудат да и удоволат на Владата, а не на граѓаните, вели тој.

Малинка Ристевска-Јорданова од Институтот за европски политики вели дека огласот е во најмала рака бесмислен. И таа се согласува со професорот Ристовски дека Владата има право да ги спроведува своите политики, но преку Уставот, законите и подзаконските акти. Ако се има во предвид дека управните и надзорни тела треба да ги контролираат финансиите на институциите, да одобруваат буџети и слично, тогаш ваквите критериуми не се во функција на демократизацијата на институциите.

-Во сите демократии контролата над финансиите е одвоена работа од контролата над политиките и не се спори правото на Владата да ги имплементира своите политики на законски начин, меѓутоа ова е смешно – она што треба да се почитува е Уставот и Законите на оваа земја. Тие се обврзани на принципот на законитост. Но, да се стави услов ваков дека треба да ги поддржуваат политиките на Владата е во најмала рака бесмислено, вели Ристевска-Јорданова

Извршниот директор на канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права Уранија Пировска вели дека овој критериум во огласот е дискриминаторски и е контрадикторен со третиот став во Огласот кој вели дека „Сите пријавени кандидати имаат ЕДНАКВИ ШАНСИ да бидат предложени за член на управен или надзорен одбор согласно нивните способности, стручност, компетентност, образование, искуство и личен капацитет, без разлика на верска и национална припадност, политичка ориентација, пол, имотна состојба и други лични околности.“

– Како да е даден оглас од партија, а не од Влада. Огласот е ограничувачки и не може да се зборува за достапност и еднавки можности за вработување на сите граѓани. Има дискриминација е се прави селекција за тоа кој се може да се пријави во овие одбори врз база на политичката определба, вели Пировска

„Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место.(член 32 од Уставот)“  и „ Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување; имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви(член 9) – пишува во Уставот на РМ.

-Се прекршува и Уставот. Оној кој не ги поддржува политиките на владата, а ги почитува законите, експерт е во својата област не би исполнил критериум, така што од старт се елиминирани луѓе без политичка определба или оние со различна идеологија од таа на власта без разлика дали и колку се компетентни, вели деканот Темелко Ристовски.

НОВА пред повеќе од десет дена се обрати во Комисијата за заштита од дискриминација и писмено ги извести и побара мислење од сите членови и претседателот. Дали Владата дискриминира? Дали се прекршува Уставот? Досега одговор не добивме. Прашања упативме и до Владата, а дополнително не интересираше и како планираат да го евалуираат тој критериум, односно да проверуваат дали некој е навистина поддржувач на владините политики. Поради службено патување во САД, членовите на Кабинетот одговорија на нашите повици и ветија дека многу скоро можеме да го очекуваме нивниот одговор.

Не постои извештај за напредокот на Европската комисија во кој властите не се критикувани за партизација, преобемност и неефикасност на администрацијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.