Published: Saturday, October 13, 2018 18:24
Полицијата во Детроит пронашла посмртни останки од 11 детски тела на таван кој се распаѓал, од едно погребно претпријатие, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на полициски извори.
Телата биле во просториите на поранешното погребно претпријатие Cantrell Funeral Home во Детроит, во сојузната американска држава Мичиген, а во петокот биле пронајдени од страна на градежни работници, кои работеле на пренамена на просторот во социјален центар. Полицијата пронашла девет тела во состојба на распаѓање кои биле во картонска кутија и уште две во сандаци.




