Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милошоски на распит во СЈО за „Моќник“

0
By Нова ТВ on October 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 16, 2018 09:46

Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонијо Милошоски денеска е повикан на распит во Специјалното јавно обвинителство за случајот „Моќник“.

Милошоски е првообвинет во случајот „Моќник“, што СЈО го најави во март годинава против вкупно 13 лица, меѓу кои се и неговиот татко и тогашниот градоначалник на општина Македонски Брод, како и поранешниот прв лустратор Томе Аџиев.

Според сомнежите на СЈО, пратеникот Милошоски го навел градоначалникот на Македонски Брод да го изманипулира Советот на општината и на неговиот татко да му го продаде објектот во селото Ижиште, во кој била сместена општина Пласница. Откако градоначалникот разбрал дека е изманипулиран побарал постапката да биде преиспитана.

За продажба на објектот било организирано јавно наддавање, кое градоначалникот не го објавил во Службен весник, и единствено на него се јавил таткото на пратеникот, кој го купил објектот за 670 денари повеќе од почетната цена. Потоа со измама во катастар успеал да го внесе објектот на свое име, а му било продадено и државно земјиште по цена од 100 денари за метар квадратен иако пазарната цена изнесувала 400 денари. На тој начин се стекнал со противправна имотна вредност од милион 795.800 денари, како и милиони 176.000 денари за купување на земјиштето.

Кога градоначалникот на општина Пласница, Исмаил Јаовски, разбрал дека е продаден објектот во кој е сместена општината од Владата побарал да ја испита ситуцијата, и комисија утврдила дека се направени многу пропусти при продажбата и дека општината продала имот што е на државата.

Според СЈО, откако бил откриен дека го изманипулирал Советот на општина Македонски Брод за објектот во селото Ижиште, за да му се одмазди на градоначалникот Јаовски, пратеникот Милошоски му праќал инспекции во неговата компанија „Пуцко петрол“, а судијата кој го судел случајот со иметот на негово барање бил лустрирал и му било забрането да ја врши дејноста.

На распит во СЈО вчера беше повикан поранешниот претседател на Комисијата за лустрација Томе Аџиев, кој на барање на Милошоски спровел лустрација на судија од Кичево, по што му било забрането да ја врши дејноста.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.