Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Елизабета Канчевска Милевска повика на заедничка маса да седнат лидерите на двете партии затоа што како што рече „потребен е консензус и одржливо решение што може да се обезбеди со суштински измени на некои работи во договорот“.
„Лидерите треба да го истуркаат овој процес и да помогнат – голема е нивната одговорност за земјата да не остане изолирана и иксрено да се пристапи кон решавање на ова прашање“ кажа Канчевска Милевска.
Ако не си ги признаеме грешките и едните и другите нема да одиме напред.
Патриот за мене оној кој мисли на иднината на државата , активно дава предлози за решение и учествува во нив“ кажа Канчевска.
Канчевска напомена дека е „нечесно“ да се префрла цела одговорност врз пратениците кои немаат мандат да пристапат кон менување на уставното име затоа што дале заклетва дека ќе го почитуваат Уставот.
„Мислевте дека брзо ќе успеете да го протуркате ова сензитивно прашање и да ја префрлите одговорноста врз пратениците што не е чесно“ кажа Канчевска Милевска.
Пратеничката ја критикуваше власта поради лошо менаџирање на целиот процес, поради што ја пропуштила шансата уставните измени да бидат акламативно усвоени . Според Канчевска, власта селективно информирала за текот на преговорите, не го информирала шефот на државата и претседателот на опозицијата а било скратено и правото на пратениците директно да се информираат за договорот на комисијата за надворешна политика.
Канчевска напомена дека не смеело да се организира референдум без да се обезбеди национален консензус и да се прифати промена на уставното име без да има обезбедно мнозинство во Собранието.
Премиерот Заев во реплика до Канчевска кажа дека процесот се водел транспаретно и дека претседателот и шефот на опозицијата биле консултирани. Во однос на рефрендумот Заев наведе дека „доколку Мицкоски се согласеше да го повика членството да гласа „против“ рефереднумот ќе беше задолжителен“.
За повикот да биде вклучена и опозицијата, Заев рече дека уставните амандмани ќе ги пишуваат заедно со опозицијата.
„Заедно ќе ги правиме уставните амнадмани и власта и опзоицијата – да го појасниме идентитетот и јазикот – тоа што ни тежи“ кажа Заев.
Собраниската седница за пристапување кон измени на Уставот ќе продолжи утре. Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Дрган Данев побара Собранието да работи и по 18 часот, но барањето не беше прифатено од спикерот Џафери. Расправата се очекува да заврши до четврток.