Published: Wednesday, October 17, 2018 12:35
Шефот на тимот на Европската унија во разговорите за Брегзит Мишел Барние, предложи транзицискиот период по излегувањето на Велика Британија од Унијата да биде продолжен за една година за да се деблокираат преговорите.
Според извори, на кои се повикуваат француски медиуми, продолжувањето на рокот ќе овозможи да се договорат идните односи меѓу Лондон и ЕУ и да се реши прашањето на границата помеѓу Ирска и Северна Ирска, главен камен на сопнување во дискусиите.
Би-Би-Си јави дека британската Влада не сака продолжување на преодниот период по Брегзит.
Политичката аналитичарка на Би-Би-Си Лора Кинсберг напиша на Твитер дека Владата на Тереза Меј ја отфрлила можноста за продолжување на преодниот период.




