Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Настапува период на пресметки во ВМРО-ДПМНЕ

1
By Соња Петрушевска on October 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 22, 2018 16:03

Поделеноста во ВМРО ДПМНЕ и јавно се манифестираше пред вечерашната седница на Централниот комитет на партијата, која е закажана само две дена откако партискиот врв одлучи да разреши седум пратеници од партиското членство кои гласаа „за“ и дадоа подршка на уставните измени.

Пратеникот Илија Димовски во писмена изјава вели дека не се согласува со „нападите и разрешувањата и смета дека се избрзани“.

-Се додека не се воведе принципот на почит и поддршка за различно мислење од официјалниот став на партијата по однос на политиките, ВМРО-ДПМНЕ нема да успее да напредува. Во тој контекст размислувам и дека нападите, разрешувањата и исклучувањето на луѓе во последниот период се избрзани и резултат на некорисни емоции и сериозен афект од состојбата. ВМРО-ДПМНЕ растела секогаш кога прибирала луѓе околу себе.

Сакам да подвлечам дека нема да учествувам во ниту една нова фингирана битка, игра и пресметка во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи почнувајќи со Конгресот во Валандово па се до ден денес сите се такви, фингирани, се вели во писмената изјава на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски. Тој напоменува дека и натаму останува на ставот дека нема право да гласа за промените на Устaвот.

„ВМРО-ДПМНЕ веќе подолго време, и пред и после валандовскиот Конгрес, се води во погрешен правец, што се гледа низ неостварените политички цели на партијата.

За жал, сега веќе е видливо, дека партијата се движи кон изолација, и спрема надвор, и спрема сите други политички фактори во државата, но и спрема сите свои членови кои за едни, други или трети теми имаат различно мислење од претходното и од сегашното раководство.Штета е и што внатрешно во себе, наместо да се шири, развива и расте, да прибира повеќе луѓе и идеи околу себе, партијата континуирано се занимава со бркање т.н. предавници, непријатели и нелојални членови, пишува Димовски.

Димовски бара темелна, а не козметичка реформа на партиксиот Статус, да се напушти  правилото за градење на култ на личност, да се направи дисконтинуитет со грешките од минатото и партијата да научи да гради нови мостови наместо да ги крши и оние кои до сега го има.

За разлика од Димовски, неговите сопартијци – пратеници јавно го подржаа партискиот претседател Христијан Мицкоски.

„Во овие тешки моменти за Република Македонија, потребна е подршка на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, тој ја има мојата подршка а уверен сум и од членството, напиша на Фејсбук ВМРО-ДПМНЕ Трајко Велјановски.

За Антонијо Милошоски  случувањата во Собранието и нелегалниот чин против Уставот, дале  појасна слика за тоа кој се залага да се испочитува вољата на народот од кој сме избрани, а на кого му се побитни заткулисните договори. „Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, сепак покажа дека му е побитна демократската доверба која гласачите им ја дале на пратениците, и вољата на членството и симпатизерите“ напиша тој на Фејсбук. И пратеникот  Владимир Ѓорчев преку Твитер ја изрази својата поддршка на лидерот Христијан Мицкоски.

 

„Поддршка за претседателот @MickoskiHM , за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија. За Македонија и ВМРО никогаш немало лесни времиња. Напротив, тоа е тешко бреме, но каузата е благородна, а ја носат храбрите, упорните и силните. Заедно продолжуваме понатаму, Македонија ќе победи, напиша Ѓорчев.

Партиските превирања се најизразени кај пратеничката група која е поделена на неколку фракции. Тоа е очигледно и по гласањето во петокот, но и по денешните реакции. Според информации на НОВА ТВ, само дел од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ  ќе се сретне денеска со американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија Метју Палмер кој нема да има средба со партискиот претседател Мицкоски. Во оваа група се 9 пратеници. Палмер имал средби и со пратеници од опозицијата кои гласаа „за“ уставните измени во петокот.

По медиумските написи дека вечерва е можно Мицкоски да предложи исклучување на Сашо Мијалков од партијата – тој во изјава за порталот „Прес 24“ негира дека на било каков начин влијале врз работата на партијата откако дал оставка на сите партиски функции. „Најмалку потребно во овие моменти е создавање поделби кои ќе имаат за цел да го ослабат ВМРО-ДПМНЕ. Не смее да заборавиме дека историското ВМРО имало про-западна ориентација исто како и ВМРО-ДПМНЕ од нејзиното основање. Овој про-западен концепт беше еден од фундаментите на партијата, со крајна цел интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО“ вели Мијалков.

Дел од партиското членство изминатиов период отворено се спротистави на политиката која ја водеше партискиот претседател Мицкоски. Потпретседателот на партијата Митко Јанчев и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов гласаа против  ставот на Мицкоски да се повика членството прикриено на бојкот на референдумот, а освен нив, на Референдумот гласаа и пратениците Даниела Рангелова, Драган Данев и Крсто Јовановски. Незадоволство кај дел од членството беше и ригидниот став на Мицкоски за Договорот од Преспа и интеграцијата во ЕУ и НАТО и покрај јавните повици од високи американски и европски лидери партијата да го преиспита својот став и да овозможи пратениците да гласаат без притисоци и уцени.

Партиски извори на НОВА ТВ брифираат дека минимални се шансите вечерва да биде отворено прашањето за недоверба на партискиот претседател или за смена на Мицкоски кој го контролира Централниот комитет. Тие дури тврдат дека информациите за наводна смена се „пуштени од партискиот штаб“ и наведуваат дека не е исклучено ваквите шпекулации да се искористат како алиби за смените кои може да ги покрене Мицкоски на вечерашната седница на Централниот комитет на која би почнал со постапка на исклучување на оние кои изминатиов период јавно се залагаа за евроатлантската интеграција на земјата.

Како и да е, партиските превирања во најголемата опозициска партија не се очекува да финишираат вечерва, туку само дополнително да се продлабочат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 18, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

ВЕСТИ May 18, 2026

Советот на Европа направи нов институционален чекор кон формирање Специјален трибунал за злосторството агресија против…

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.