Снимките од безбедносните камери покажуваат еден од осомничените за убиството на Кашоги, облечен во неговата облека, веднаш откако тој бил убиен.
Еден од 15-мината осомничени за убиството на новинарот Кашоги е забележан на снимките од безбедностните камери во Истанбул, во облеката во која последен пат жив е виден новинарот.
Осомничениот е забележан како излегува низ задната врата на Саудискиот конзулат, облечен во облеката на Кашоги и со лажна брада и очила.
Истиот човек е виден во облеката на Кашоги во најпознатата џамија во градот – Сината џамија, само неколку часа откако новинарот е за последен пат виден жив како влегува во Конзулатот.
Човекот на снимките е идентификуван како Мустафа Ал-Мадани, човек кој на истрагата и бил познат од порано како еден од тимот убијци кои имале мисија да го убијат новинарот.
Саудиска Арабија презентираше променливи искази за тоа што се случило со Кашоги.




