Вкупно 14 децa од предшколска возраст се повредени во напад со нож во западниот кинески град Чонгкинг, соопшти локалната полиција.
Во врска со нападот е уапсена 39-годишна жена која е осомничена дека ги прободела децата со кујнски нож пред градинката „Нов век“, соопшти полицијата.
Повредените деца биле однесени во болница, а случајот се истражува.
Нападите со нож врз деца не се невообичаени во Кина, кои во последниве неколку години се повеќе завршуваат и со жртви.
Во април, 28-годишен маж уби 9 средношколци додека се враќаа дома, што се смета за еден од најсмртоносните напади во земјата во последниве години. Убиецот, кој изјави дека бил малтретиран на училиштето, бил егзекутиран во септември.
Во јануари 2017 година, еден човек со кујнски нож прободел и повредил 11 деца во детска градинка во јужната автономна област Гуангкси Чуанг. Ваквите настани ги принудија властите да ја зголемат безбедноста околу училиштата.
Во 2010 година во едно училиште беа убиени 2о деца.
Кинеските власти воведоа забрани и рестриктивни закони за поседување огено оружје. Поради тоа се зголеми бројот на инцидентите во кии како оружје се користат кујни ножеви или домашно направени екслозивни направи.
Криминалот во последниве децении е во пораст во Кина, според многумина поради се поголемиот јаз меѓу богатите и сиромашните. Студиите, исто така, го опишаа порастот на ментални нарушувања, како последица на темпото на животот.




