НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Го сакам Водно“ бара итен прекин на активностите за гасоводот

0
By Нова ТВ on October 29, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ бара итно прекинување на активностите за изградба на гасоводот низ Водно заради, како што велат, загрозувањето на животот на работниците на терен и игнорирањето на мерките за заштита од ерозија.

-Се работи на исклучително тежок терен со наклони од 63 отсто во должина од 107 метри, од 71 отсто во должина од 163 метри,… Работниците треба да ги носат багерите во амбис, зошто така оди трасата на гасоводот. Треба да го ризикуваат својот живот за да продолжи изградбата на гасоводот низ Водно по секоја цена, велат од „Го сакам Водно“.

Нагласуваат дека не се применуваат мерките за заштита од ерозија кои се потребни на сите наклони поголеми од 20 отсто во парк шумата Водно иако, како што посочуваат преопрачано е да се имплементираат низ целата делница.

-Мерките не се применуваат зошто не е завршена постапката за јавна набавка за избор на фирма која ќе ги спроведе, порачуваат од Граѓанската иницијатива и додаваат дека Планот за заштита од ерозија по нивно барање пред еден месец е доставен до МЕР и до Министерството за транспорт и врски.

За нив е симптоматично и обновувањето на решението за сеча од градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, а велат дека е можен фалсификат и Студијата за влијание врз животнат средина, бидејќи еден од професорите потпишан како соработник сам јавно истакнал дека  првпат слуша за изработка на таков проект. Како посебен проблем го истакнуваат немањето дозвола или мислење од Министерството за одбрана за градба на гасоводот во непосредна близина на  бункерот во кој е сместена главната противвоздушна одбрана на Скопје. Посочуваат дека не се донесени и законите за Водно и Матка кои се внесени во владините заклучоци од 22 август годинава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.