Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ бара амнестија за сите обвинети и осудени за 27 април

0
By Соња Петрушевска on October 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 29, 2018 15:32
Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ до Собранието достави предлог закон за амнестија со кој бара да се ослободат од кривично гонење сите осомничени, обвинети и осудени лица за настаните во Собранието од 27 април.
Со законот што се предлага да биде усвоен по скратена постапка се предвидува „бришење на осудите и да се укинат правните последица на осудените“.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Драган Данев не презцизираше колкав е бројот на лицата на кои ќе се однесува амнестијата, но додаде дека со законот се бара амнестирање и за пратениците кои партијата ги исклучи од своите редови.
Како што прецизираше Данев, со законот се бара да се ослободат од кривично гонење сите „осомничени и обвинети за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело согласно член 384 – „Учество во толпа што ќе спречи службено лице за вршење на службено дејствие“, согласно член 386 за „Насилство“, член 385 – „ Учество во толпа што ќе изврши кривично дело и за кривичното дело согласно член 313 – „ Терористичко загрозување на уставниот поредок и безедноста од Кривичниот законик“ .
Исто така, со законот се бара да се укинат веќе донесените пресуди.
-Игор Дурловски, Владо Јовановски, Богдан Илиевски и Борис Дамовски не се терористи. Не се терористи ниту вработениет во МВР, ниту останатите лица прогонувани врз основа на случувањата од 27 април. Тоа го знаеме ние, тоа го знаете вие колеги од власта, а тоа го знае и целата македонска јавност. Затоа почитувани од СДСМ, бидете искрени и застанете еднаш зад она што го говорите, а кое е подадена рака и од нас за помирување, кажа Данев.
Како што рече Данев, предлог законот „обезбедува правда за сите и вистинско национално помирување, наместо селективност“.
-Целта е национално помирување и враќање на нормалните текови во државата, кажа Данев.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.