Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Општините чекаат буџетски пари за покривање на долговите

0
By Нова ТВ on October 31, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 31, 2018 09:51

И шестата по ред ревизија во општина Охрид открива длабоки финансиски проблеми и неодржливост, пропусти во доделување на субвенции, менаџирање со општинскиот имот.  Општина Охрид, којa во моментов по сите основи има долг од околу 20 милиони евра ја чека буџетската инјекција од централната власт за раздолжување на дел од долговите, открива неделната економска анализа на Portalb.mk.

Но, оваа општина не е единствена што тоне во долгови. Како ќе се делат 50 милиони евра од централниот Буџет  на локалните власти но и како ќе се спречат градоначалниците да создаваат нови долгови?

 Сите се надеваат на финансиска инјекција – ќе има ли критериуми

На крајот од 2017 година, во евиденцијата на општина Охрид прикажани се неизмирени обврски ( долгови) за кои имало судски постапки но сеуште нема извршни решенија во износ од 470 000 евра. Но, дополнително, по основ на извршни решенија општината има неизмирани обврски во вредност од 8,8 милиони евра.

Овие суми обелоденети во новиот ревизорски извештај, потврдуваат дека оваа општина предничи според долговите и дека состојбата повеќе не одржлива. Од општината за “Порталб“ велат  дека во операцијата за раздолжување важно ќе биде  како ќе се постават доверителите, а предност ќе имаат оние кои ќе се откажат од наплата на камати.

 “Вкупните долгови на општина Охрид, и по основ на камати и по основ на главница изнесуваат околу 20 милиони евра. Од нив скоро 13 милиони евра отпаѓаат на камати, но сумата не може сметковдоствено да се евидентира бидејќи се менува постојано, дури и на дневна основа поради пресметка на каматите. Со буџетските пари планираме да ја продолжиме досегашната пракса – враќање на долгови кон доверители, со предност за оние кои ќе одлучат да се откажат од камати. На пример,  ако имаме доверител кој ќе се откаже целосно од каматите, тој би имал приоритет во раздолжувањето. Секако,  случаите се различни, на пример, камата на долг од 1 милион евра и камата на долг од 100 000 евра не е исто, така што ќе се постават критериуми врз основа на кои ќе се раздолжуваме“ – вели Игор Бежоски, секретар во општина Охрид.

Сметката на општина Охрид е блокирана подолго од шест месеци, во континуитет, од 2002 година досега, а вкупниот износ на неизмирени обврски над 60 дена надминува 80% од реализираните приходи на основниот Буџет, но во случајов блокадата е поголема од вкупниот приход во претходната година.

 “Во текот на 2017 година продолжуваат условите за настанување на финансиска нестабилност а во вој период како и во претходните години не се преземени мерки и активности за надминување на финансиската нестабилност на Општината. Буџетот за 2017 година не содржи развоен дел по буџетски програми и под програми, години за кои ќе се раелизираат и извори на финансирање“ – наведува ревизорот.

Од општина Гостивар, која во билансите прикажува долг по основ на неизмирени обврски во износ од 1 милион евра, за “Порталб“ велат дека засега немаат информација дали се на листата општини кои ќе добијат буџетски пари.

 “До денес немаме точна информација дали нашата општина е вклучена во процесот на доделување на буџетски средства од централна власт.  Секако дека тоа би било од корист, односно би се зголемила ликвидноста на општината, би се пристапило кон реализирање на исплати кон доверителите и кон помош на финансиската состојба на буџетските корисници, односно училиштата и градинките и јавните претпријатија кои функционираат на територијата на општината“ – велат од локалната самоуправа на Гостивар.

Според податоците со кои располага “Порталб“, но и според официјалните информации  од локалната власт, оваа општина успеа да обезбеди финансиска стабилност, а релаизацијата на Буџетот во однос на планираното годинава изнесува 70 %,

 “Во тек се судски постапки со двајца доверители, чии што долгови, според податоците, изнесуваат 1,2 милиони евра кон компанија која има побарување за извршена услуга “уривање на објекти“ и во оваа сума е вклучена главницата и каматиет за долгот и побарување од команија за извршена услуга за изградба на улици и патишта во износ од 813 000 евра“ – објаснуваат од општината.

На листата најзадолжени општини се наоѓаат и Тетово, Куманово, Крапош.

 Владата ќе им помогне, ама и ќе ги дисциплинира локалните власти

Операцијата за раздолжување на општините и официјално ќе почне со усвојување на ребаланс на Буџетот. Според објавените пресметки, ќе бидат одвоени скоро 50 милиони евра,  пари кои треба да покријат 51% од долговите на општините. Вкупниот долг кој го пријавиле локалните власти,  заклучно со крајот на септември изнесува 81,3 милиони евра.

 „Финансиска поддршка од 51 процент, од сумата, е сериозна помош. Јасно поставуваме механизам кој ќе спречи трупање на долгови во иднина и јасно кажуваме дека втор пат немаме намера да правиме вакво нешто и нема да се случи“ Сега има простор да им помогнеме, во моментов го решаваме долгот“ – изјави министерот за финансии Драган Тевдовски.

 Парите од централниот Буџет што ќе завршат на општинските сметки ќе бидат строго наменски и неповратни. Општинарите очекуваат дека Владата ќе даде насоки за постапување.

“Ова ќе биде шанса за можна деблокада на сметката на општина Охрид. Владата ќе помогне но ќе биде потребно разбирање и од доверителите. Процесот ќе го спроведуваме внимателно, со строго поставени критериуми, и гарантираме дека нема да има селективност ниту фаворизирање. Во исто време мора да бидат активни и механизми за натамошно сосдавање на долгови. Еден од тие механизими  е законското ограничување според кое општините не смеат да го зголемат буџетот за повеќе од 10% во однос на претходната година. Секако, се очекуваат и упатства од власта за постапување во однос на операцијата за раздолжување“ – вели Бежоски од општина Охрид.

 Од Владата најавуваат дополнителни механизми за контрола на финансиите на локално ниво.

“Како системско решение, општините да не навлегуваат во нови долгови, предвидено е контролен механизам во член 2 на законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Имено општините сопствените приходи  може да ги планира најмногу до 10 посто од просечните приходи во последните три години“ – изјави Сухејл Фазлиу министер за локална самоуправа.

 Собраниската дебата за ребаланс на Буџетот  стартува оваа недела, а по исцрпување на комисиската расправа ќе следува и дебата на пленарна седница пред конечно изгласување на измените во буџетската каса. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.