Вработените во канцелариите на “Гугл” низ целиот свет, започнаа серија протести поради односот на компанијата кон жените.
-Јас не сум на мојето место, бидејќи со другите вработени и соработници во Гугл протестирам поради тоа што правилата против сексуално вознемирување, недолично однесување, но и недостатокот на транспарентност и култура на работното место не важат подеднакцо за сите, пишува на пораките кои утрово се наоѓаат на биротата на вработените во Гугл.
Вработените бараат неколку клучни промени во начинот на кој се разгледуваат наводите за сексуално малтретирање во фирмата, вклучувајќи и повик за прекинување на присилната арбитража – потег што ќе им овозможи на жртвите да ги тужат.
Главниот извршен директор на Гугл, Судар Пичаи му порача на персоналот дека го поддржува нивното право за ваков чекор.
-Го разбирам гневот и разочарувањето што многумина го чувствуваат. И јас го делам истото чувство и целосно сум посветен на постигнување напредок по едно прашање кое долго време се провлекува во нашето општество … да и тука во Гугл, напишал тој во имејлот до вработените.
Настанот што ја прели часата се случил изминатата недела, откако еден од извршните директори и високорангиран во компанијата си заминал со надомест од 90 милиони американски долари и покрај тоа што во Гугл сметале дека постојат “веродостојни” обвинувања за сексуално злоставување против него. Енди Рубин, познат и како “творец” на Андроид мобилниот оперативен систем, ги негира обвинувањата.
Во вторникот, уште еден извршен директор, овој пат од истражувачката лабораторија на компанијата, исто така, поднесе оставка. Се наведува дека Ричард Де Ваул недозволено и се наметнувал на жена која неодамна била интервјуирана за работа во која претпоставен би и бил Де Ваул.
Де Ваул по неговата оставка, не ги коментираше обвинувањата, но претходно настанот го нарече “погрешен заклучок”.
Најмалку 48 други вработени биле отпуштени поради сексуално вознемирување без добивање на финансиски надомест, изјавил Пичаи. Тој призна дека извештајот на “Њујорк тајмс” бил “тежок за читање”.
Вработените исто така упатија и формални барања до менаџментот:
-Запирање на присилната арбитража во случаи на малтретирање и дискриминација за сите сегашни и идни вработени;
-Јавно објавување на случаите на сексуално вознемирување и трансоарентност;
-Јасен, единствен, глобално инклузивен процес за пријавување на сексуална злоупотреба, безбедно и анонимно;
-Надлежниот за гарантирање на подеднаква застапеност директно да му реферира на извршниот директор и да дава препораки директно до одборот на директори;
-Именување на претставник на вработените во одборот.
Присилната арбитража, која е клаузула во договорите на сите работници во Силиконската долина, предвидува сите спорови да се решаваат внатрешно, а не преку други методи, како што се судовите.
Критичарите на присилната арбитража велат дека таа се користи не само за заштита на угледот на компанијата и на обвинетиот, туку и за замолчување на жртвите кои не се во можност да се жалат против одлуките или да преземат понатамошни дејства.
-Вработените изразија конструктивни идеи за тоа како можеме да ги подобриме нашите политики и нашите процеси да напредуваат, изјави Пичаи.




