Published: Friday, November 2, 2018 13:14
Двајца се повредени во инцидент во седиштето на Сони Мјузик во центарот на Лондон, откако, како што објавија тамошните медиуми, маж со мачета влегол во просториите на компанијата.
Засега нема други детали, освен дека во нападот не е употребено друго оружје. Според медиумите, напаѓачот е уапсен. Извршена е евакуација на канцелариите во непосредна близина, а пристапот е областа е затворен.
Од полицијата изјавиле дека нападот не се третира како тероризам. Двајцата повредени не се наоѓаат во животна опасност.




