Во 67. та година, почина познатиот автор на бројни трилери, Том Кленси.
Творецот на некои од најпознатите бестселери во светот, почина во вторникот, во болница во Балтимор, но претседателот на неговата издавачка куќа G.P. Putnam’s Sons не ја соопштија причината за смрт, јавува Њујорк Тајмс.
Негова омилена тема беа воени настани за време и по Студената војна, и многу од неговите романи беа адаптирани во ништо помалку успешни филмови во кои главните улоги беа толкувани од страна на Харисон Форд, Алек Болдвин и Бен Афлек.
Кленси ќе биде запаметен по многу воени трилер што го оставаа читателот без здив, вклучувајќи ги и “Лов за Црвениот Октомври”, “Виножито Шест”, “Долг на честа”, “Извршни наредби”, “Патриотски Игри”, “Непосредна опасност” и многу други, додека последниот роман кој го пишуваше тој, “Командна власт” треба да биде објавен на трети декември оваа година.