НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Сонувам за хумано утре“ – протест за состојбата со бездомните животни

0
By Нова ТВ on November 4, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Под мотото „Сонувам за хумано утре“ денеска напладне пред Собранието ќе започне протестен марш на сите здруженија за заштита на животните регистрирани во Македонија за конечно ставање под контрола на состојбата со бездомните животни.

Од пред Собранието на Македонија, протестниот марш води кон Владата и ќе заврши во 14 часот пред Град Скопје.

Од здруженијата велат дека го дигаат својот глас поради катастрофалната состојба во стационарот Вардариште каде што во крајно нехумани услови животните се измачувани, изгладнувани и најчесто нивниот живот завршува со бавна и болна смрт. Велат дека никогаш немало повеќе животни на улица и дека ништо не е направено да се воведе ред во овој сегмент.

Најавуваат дека имаат решенија и предлог-програма за која велат дека е единствената хумана програма што дава резултат поради тоа што истата се применувала во земји каде што проблемот е одамна решен.

На социјалните мрежи веќе се придружуваат голем број на граѓани и познати личности, а огромна е и поддршката од активисти и љубители на животни од буквално целиот свет кои постираат фотографии со мотото „Македонијо, светот те гледа!“.

На настанот се поканети да се приклучат сите граѓани на Скопје и Македонија, особено оние кои не сакаат да гледаат кучиња на улиците, бидејќи со решенијата на активистите за само неколку години драматично ќе се намали бројот на бездомни кучиња на градските улици.

„Парите на граѓаните крајно неекономично се трошат, а проблемот опстојува веќе со децении иако е трајно решлив за само неколку години. Единствено што е потребно е управувањето со стационарите да се предаде на вистинските луѓе кои знаат да се справат со ситуацијата. Институциите да ни ја предадат надлежноста нам е единствениот излез. Нивните тактики се исти со децении и не даваат резултат. Редно е ние да покажеме што знаеме и што можеме“ – велат организаторите на протестот.

Секој кој сака да ја изрази својата поддршка на социјалните мрежи може да го стори тоа со објавување на фотографија од својот, по можност вдомен, миленик и употреба на официјален хаштаг #СонувамЗаХуманоУтре #ИЈасСонувам.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

ВЕСТИ August 24, 2025

Санкт Петербург и Ленинградската област вчера беа цел на напади со беспилотни летала, што предизвика…

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.