Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски не замина во затвор – се чека одлуката на Кривичниот совет

0
By Соња Петрушевска on November 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 8, 2018 14:21

Денеска истекува последниот рок до кога Груевски и неговите адвокати можеа да поднесат жалби по решението на судија за извршување на санкции со кое се одби молбата на Груевски за одложување на затворската казна.

Од Судот за НОВА Тв изјавија дека ќе се чека да пристигнат сите жалби пред да заседава Кривичниот совет. Адвокатите на Груевски потврдија дека во понеделникот попладнето ги испратиле жалбите до Судот преку пошта и тие стигнаа во Судот вчера. Но, според најавите од адвокатите Груевски и  сам ќе поднесе жалба, за што рокот истекува денеска. И тој има можност да ја испрати по пошта и жалбата да стигне до Судот по два дена. Дури потоа ќе  заседава Кривичниот совет, кој треба да одлучи по жалбите во рок од 72 часа.

Доколку Кривичниот совет ги отфрли сите жалби, во одлуката ќе наведе и термин кога Груевски треба да се јави на издржување на затворската казна.

Целата оваа постапка, го одложи издржувањето на затворската казна. Според упатниот акт, Груевски денеска требаше да се пријави во Шутка на издржување на затворската казна од две години за случајот „Тенк“.

Во меѓувреме Груевски се обидува да остане на слобода и преку Врховниот суд од кој бара вонредно преиспитување на пресудата. Откако поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која е исто така осудена во Тенк поднесе жалба до Апелација, целосната документација за предметот треба да биде испратена до Врховниот суд.

Во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство кое се однесува на набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600 илајди евра, поранешниот премиер и почесен претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски, беше обвинет за примање награда за противзаконско влијание и осуден на двегодишна затворска казна, додека Ѓоко Поповски кој се товареше за злоупотреба на службената положба и овластувања беше осуден на шест и пол години затвор но потоа Апелација му ја намали на четири и пол години затвор. За овој случај,во раздвоена постапка, шест години затворска казна доби и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

За пратеничкиот мандат на Груевски, утре ќе одлучуваат пратениците на собраниска седница. Вчера комисијата за мандатно – имунитетни прашања му препорача на Собранието да му го одземе мандатот на пратеникот затоа што е недостоен за вршење на пратеничката функција. Во Собранието засега нема двотретинско мнзоинство кое би гласало за одземање на мандатот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

ВЕСТИ May 14, 2026

 Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче:

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.