НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ајде, љубов, викај!

0
By Нова ТВ on October 4, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Треба да создадеме свет во кој е дозволено да се зборува и да се бори за среќата.

Зошто во некои моменти се она што ме гуши не можам да го исфрлам од себе? Зошто кога е важно се губам среде тежината на „добро извежбаниот текст”? Паѓам во лавиринти кои дополнително ми го комплицираат животов. Паѓам во сопствените стапици.

Единствените ограничувања се оние кои самите си ги поставуваме. Имам бура од зборови, желби, надежи кои треба да бидат кажани. Тие зборови изреволтирано сакаат да излезат од сите празнини на моето битие. Ви се случило ли да бидете толку лути или толку исполнети што милион реченици ви прелетуваат низ глава? Запрашајте се, колку од тие реченици сте ги споделиле со оној кој ги предизвикал? Не сте единствен, и мојот систем е сосема ист. Милион шанси сум уништила молчејќи. Молкот и тишината понекогаш знаат да бидат сурови непријатели.

Заминувањето, пак, треба да биде тест за да се види кој, кому, колку му значи? Запрашајте се, кога и кому последен пат сте му кажале колку го сакате, од сѐ срце? Дека проклето ви недостасува. Кому последен пат сте му признале дека без разлика на сѐ ќе останете со него, без да се грижите за злобниците? Имате ли поминато преку вашето его, за личноста која го прави вашиот свет подобар, за онаа личност која го сочинува вашиот свет? Оној дел без кој не сте комплетни.

Јас не го направив тоа. Само го извадив своето срце, го оставив на маса и се повлеков. Без објаснување. Што ли е зборот пред емоцијата? Што? Има значење? Но луѓето бараат дела, а паѓаат на зборови. Така нѐ судат. И да објаснам не би ме разбрале… Не го кажав тоа што го чувствував, сомневајќи се во моќта на зборовите. Најчесто непишаните правила се оние што ја ограничуваат личноста, но и слободата. Ситуацијата никогаш не може да биде безизлезна. Работите можат да бидат лоши, онолку колку што ќе им дозволиме. Гордоста нѐ убива! Секогаш постои несигурност кога се работи за „соголување“ на себеси.
Си велиме, ќе се утешам – подобро да молчам и да страдам, отколку да зборувам, па да плаќам.

Но, не е така. Треба да создадеме свет во кој е дозволено да се зборува и да се бори за среќата. Зашто сите заслужуваме да бидеме среќни или барем да се бориме за неа. Кој знае, можеби ќе бидеме среќни до крајот на животот. Ако биде спротивно, ќе знаеме, дека сепак, сме се обиделе да направиме промена и дека сме се бореле за среќата.

А мене, потребен ми е само уште еден момент. Ќе го искористам овој, па што сака нека биде… Ми недостигаш толку многу што би ги поднела твојата лутина, тврдоглавост, па и твоето викање. Ајде, љубов, викај! … Врескај, кажи сѐ што имаш да кажеш, само, те молам, не молчи, тоа ме убива.

Кристина Блажевска
Авторкате е средношколка

Програмата „Млади промотори на слобода на изразување“ ги поттикнува младите луѓе преку есеи, мултимедијални продукти и кампањи што сами ги осмислуваат да бидат активни граѓани кои се борат за слободата на изразување, а против говорот на омраза, стереотипизирањето и етикетирањето. Авторите на есеите, мултуимедијалните продукти и на кампањите се средношколци и студенти кои штотуку стапнуваат на јавната општествена сцена и бараат слободен простор за себе и за своите ставови. Повеќе информации за активностите во проектот може да добиете на http://www.mof.mk/izrazise/
Проектот „Млади промотори на слободата на изразување“, финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), го реализираат НВО Инфоцентарот и Младинскиот образовен форум. Содржината на текстовите е единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и Младинскиот образовен форум и на никаков начин не ги рефлектира гледиштата на Европската Унија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.