На денешното рочиште за крвавиот четврток, како докази се презентираа пораките на екс спикерот на Собранието Трајко Вељаноски до дел од обвинетите за настаните од 27 април во Собранието.
-Човекот кажа дека кај вратите скоро и ништо не се гледа. Една камера има, од далеку и матна, му пишал Трајко Вељаноски на пратеникот Крсто Мукоски, во комуникацијата во деновите пред упадот во Собранието., што сугерира дека во тек биле договори.
„Ок. Ми кажа човекот, ама не е лошо некако да се слушнеш со мојот колега што вчера вечер беше кај тебе, тој е отиден на разговор кај еден друг човек што треба да ја потврди целата ситуација и да гарантира дека ќе е така како што кажуваш, мислам дека треба да им се укаже на сериозноста на целата работа„, одговара Мукоски.
Пратеникот бара од поранешниот спикер да му пише кога ќе има информација.
Два дена подоцна Вељановски му пишува повторно на Мукоски велејќи дека ,,само муабет било”.
На 18.03. 2017 Вељаноски му пишува на пратеникот Димитар Стевананџија: „Многу јаки сте прилепчани, уште ќотек да им дадете на комуњариве“, а Стевананџија му праќа четири слики со лидерите на протестите во Прилеп и пишува: „Не дозволувајте да ве злоупотребуваат криминалци и убијци“.
На 26.07.2017 ден пред крвавивот четврток Груевски му препраќа на Трајко порака што ја добил од Митко Чавков, еден од 33-цата обвинети : „Добро утро директоре. Да ве известам, во моментов добив информација од лојален колега Албанец дека денес околу 13 ч. се планира нешто од другата страна, дали инцидент, дали со сила изгласување на претседател. Во моментов немам повеќе информации“.
Неколку часа пред насилниот упад во Собранието, Никола Груевски повторно му испраќа порака на Трајко Вељановски со која го информира дека некој од ДУИ му пренел на Панче Кралев дека ќе изберат Талат Џафери.
Пораката Груевски му ја испраќа на Вељаноски во 16 часот на 27 април 2017 година.
“Од Панче Кралев: Од ДУИ информација од човек што дојде од состанок со Талат. После 17 часот се спрема избор на Талат по иницијатива на СДС”.
Од пораките кои денеска се презентираат на рочиштето за „27 април“ од телефонот на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски може да се види како Вељаноски упатил порака до Никола Тодоров во 18 и 41 часот со содржина: „Народот нека се собере, а веднаш потоа Вељаноски упатува порака до пратеникот Илија Димовски: „Влегува народот“.
На денот на упадот Вељаноски комуницира со пратеникот Илија Димовски.
„Гледајте ако стварно го бираат Талат во 19.00“, а една минута по ова му испраќа и друга порака со содржина: „Одма десетина пратеници пред кабинет кај мене, за да го бранат кабинетот“.
Следната порака Вељаноски до Димовски ја испраќа во 16.09 часот за да му каже дека пратениците треба половина да стојат пред кабинет, а другата половина во сала.
Во 18.39 часот Вељаноски повторно му испраќа порака на Димовски со содржина: „Пратениците да тргнат наваму, ако овие тргнат наваму“.
Вељановски во 18:32 на Илија Димовски му пишува „ќе има шатори”. Димитар Стеванаџија, пак, на Вељаноски му праќа порака во која прашува: „А да се гаснат полека светлава?”
Димовски во 18:39 часот му пишува на Вељаноски: „Го прогласија Талат”, по што овој му враќа „види пратеници пред кабинет да дојдат ако тргнат наваму”, на што Димовски му одговара: „Ок”.