НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Попоски на меѓународниот Форум во Дубровник

0
By Нова ТВ on October 4, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски на 3 и 4 октомври 2013 година учествуваше на меѓународниот Форум „Европска енергетска безбедност“,што се одржа во Дубровник, Република Хрватска.

Форумот започна со воведни обраќања на претседателот на Република Хрватска Иво Јосиповиќ и на првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни и европски работи Весна Пусиќ, кои што ја нагласија потребата за заеднички пристап и соработка во областа на енергијата и енергетската безбедност меѓу земјите во регионот, Европа, но и пошироко.

Во рамки на Форумот, на панелот на тема: „Европската енергетска безбедност и јужниот гасоводен коридор“, министерот Попоски имаше свое излагање заедно едно со своите колеги од регионот.

Тој притоа истакна: „Гасот и струјата денес се тоа што јагленот и челикот беа пред 60 години. Колку ќе ги поврземе преку граници, толку ќе бидеме стабилни и просперитетни во регионот“.

Во своето обраќање министерот Попоски исто така ја истакна важната улога во дефинирањето на енергетската политика во меѓународните односи, а зборуваше и за глобалната енергетска сигурност и воспоставувањето на контрола врз побарувачката и потрошувачката, како и за перспективите на обновливите извори на енергија.

Министерот Попоски се осврна и на политиките на енергетскиот сектор во Република Македонија, при што ја потенцираше поволната бизнис клима во нашата земја, а информираше и за гасификацијата во Република Македонија.

На маргините на Форумот, министерот Попоски оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Ахмет Давутоглу.

Тој исто така имаше неформални разговори со министерот за надворешни работи на Кралството Шведска, Карл Билдт и со министерот за надворешни работи на Латвија, Едгарс Ринкевич, при што беше реафирмирана заложбата на Република Македонија во контекст на евро-атланските интеграции и објавувањето на престојниот Извештај на Европската комисија, соопштуваат од МНР.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.