Бројката на невработени според Агенцијата за вработување на РМ состојба измерена на 31 август годинава, изнесува нешто помалку од 93.000 невработени лица.
Тоа е три пати помалку од стапката на невработеност која неодамна ја измери Државниот завод за статистика – 28,8 проценти.
Во формуларите кои пред неколку месеци им биле дадени на сите невработени лица во земјава од вкупно евидентираните 220 илјади лица, околу 60% или 130 илјади се изјасниле дека не бараат Агенцијата да им понудува вработување, додека само околу 93 илјади се изјасниле дека сакаат да им се нуди вработување. Ако овие 93 илјади лица, кои според Агенцијата се тие кои навистина бараат работа, се стават во однос со вкупниот број активни лица, тогаш излегува дека вистинската стапка на невработеност во Македонија е 10%, што е три пати помалку од официјалната стапка на невработеност (28,8%) што неодамна ја измери Државниот завод за статистика, објавува Капитал.
Единствената причина поради која ова се уште не се објавува бомбастично од страна на власта е што сакаат да бидат сигурни во овие бројки, па поради тоа, се одлучиле истата анкета да се повтори уште еднаш и сите невработени повторно да размислат дали сакаат Агенцијата да им нуди вработување и дали би прифатиле работа ако им се понуди.