Студентите од Универзитетот во Капошван, Југозападна Унгарија ги соблекоа алиштата за време на предавање во знак на протест против новиот дрес код воведен од ректорот на универзитетот.
Групата студенти на кои им се придружи и професорка ги поканија локалните медиуми да го снимат овој невообичаен протест во една од предавалните на универзитетот.
Дрескодот на ректоратот предвидува забрана на носење блузи со длабоки деколтеа, куси сукњи и пирсови.
Во понеделник протесот ќе продолжу со марш на студнетите низ кампусот со шорцеви и апостолки.