НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Порта3: Во Македонија не постои незагаден регион

0
By Нова ТВ on November 18, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Професорот Трајче Стафилов од Институтот за хемија, поголем тим истражувачи, десетина години ги испитува почвите низ државата, особено кај жешките еколошки точки. Според него, во Македонија не постои регион кој не е загаден, напиша Порта3 уште во 2016 година.

Професор Трајче Стафилов

Тој ги менува мапите на Македонија на кои е прикажан степенот на загадувањето на почвите од различни тешки метали, пишува Порта3. Со силна црвена боја се обележуваат најконтаминираните области, потоа се преминува кон посветла црвена, па жолта, па побледа зелена, и на крајот, со силна зелена се обележани најчистите. Во зависност од загадувачката материја, кадмиум, никел, жива или нешто друго, различни региони на мапите се со различна боја. Но ниеден регион во земјава не беше зелен на сите нив.

Македонија, според податоците на Стафилов, годишно создава 19,5 милиони тони индустриски отпад. Од него, 4,6 милиони тони е опасен, токсичен отпад. Околу 90 отсто доаѓа од рударството, а 10 отсто од термоелектраните и од другата индустрија.

Жешките точки се Охис, МХК Злетово, рудникот Бучим…

Во Охис, каде што врз депонијата со 13.000 тони линдан е фрлена 20.000 тони земја, со што се создал над 30.000 тони опасен отпад, подземните води се стотици пати позагадени од дозволеното, а почвите илјадници пати, пишува Порта3.

Охис

Околу 6,6 квадратни километри од почвата во Велес, што го опфаќа целиот град и просторот околу топилницата, е екстремно загаден. Истражувањата покажале дека таа е неупотреблива, и треба да се отстрани до 40 сантиметри длабочина.

На толкава површина, тоа би значело да се исфрлат 60 до 70 илјади камиони земја. Во реонот на Велес, дури и прашината е 20 пати позагадена отколку што треба да биде почвата. Депонијата од Хемиската индустрија во Велес, пак, која е отворена и напуштена, е радиоактивна.

РЕК Битола

Арсен, антимон, талиум и многу други штетни материи има во македонските почви, во огромни количества. Десет квадратни километри околу РЕК „Битола“ се складиште за пепел. Тоа е поголема површина и од градот Битола. Во Јегуновце, пак, подземните води биле загадени дури и до 50 метри под земја. Среќна околност е што било утврдено дека тие води не се мешаат со тие од Рашче, од кои се снабдува Скопје.

Изворите на загадувањето се познати

Податоците за загадувањето на воздухот, пак, што ги претстави Светлана Ѓорѓева, раководителката на Македонскиот информативен центар за животна средина, се исто така загрижувачки. Особено во грејната сезона.  Според Ѓорѓева, досегашните мерења покажале дека ќе нема голема разлика во однос на претходната година.

А во неа, во четири месеци во Тетово имало само два дена во кои загадувањето со честичките ПМ10 било помало од максимално дозволената граница од 50 микрограми на кубен метар. Дури 136 дена во градот имало загаденост од над 100 микрограми, и имало дури четири периоди во кои загадувањето траело по десет или повеќе дена по ред.

Инаку, толерантната вредност на честичките ПМ10 е 50 на дневно ниво и 40 на годишно ниво, и тие не треба да се надминат во повеќе од 35 дена во годината. Но, ова е тешко да се достигне. Во Скопје, мерната станица во Лисиче регистрирала дека 76 дена биле надминати 100 микрограми на кубен метар, а таму и во Гази Баба имало по два периода од континуирано загадување над 10 дена.

– Загадувањето е толку големо, што кога ги праќаме податоците во Европа, се случувало да ни ги вратат, мислејќи дека сме направиле грешка – рече Ѓорѓева.

Изворите на загадување се познати. Еден е индустријата, и тоа не само големите капацитети, туку и помалите. Потоа доаѓа сообраќајот, бидејќи 80 отсто од возниот парк е стар и е надвор од европските стандарди, а со увозот на стари возила од 2007 до 2014 година бројот на автомобили се зголемил за 40 отсто. Домаќинствата се грејат 62 отсто на дрва, а 29 отсто на струја. Лошата урбанизација и сечењето на зеленилото, пак, уште повеќе придонесуваат.

Интересно е, како што нагласува Ѓорѓева, дека присуството на сите други загадувачки материи во воздухот драстично опаднало со текот на годините, сулфурниот двооксид, јаглеродниот моноксид итн, но ПМ честичките бележат огромен раст. Затоа, препорачува таа, треба многу да се работи на сообраќајот и на греењето во домаќинствата за да се надмине проблемот.

Колку загадувањето ја чини Македонија, според објаснувањето на професорот Драган Ѓорѓиев од Институтот за јавно здравје, се мери во години на загубен живот. Тие се пресметуваат според бројот на луѓето што починале од болести поврзани со загадувањето, колку години им се скратиле од животот. По оваа формула, Македонија годишно губи 11.655 години живот. Економската штета, пак, се проценува на 250 милиони евра годишно.

Односно, ако луѓето што починале или што станале тешко болни, губејќи ја работоспособноста, останале живи и здрави, и продолжеле да работат и да придонесуваат за економијата, таа ќе била поголема за оваа сума пари, пишува Порта3.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.